вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Ангеловски: Владата на Заев е составена од луѓе кои ја разнебитуваат Македонија

Ангеловски: Владата на Заев е составена од луѓе кои ја разнебитуваат Македонија

„По вторпат мора да кажеме дека Македонците немаат проблем. И кога се потпишуваше договорот со Атина ние немавме проблем, проблемот го имаше Атина со нашето име. Сега повторно ние немаме никаков проблем, ние знаеме кои сме, ние знаеме што сме, ние знаеме каде сме. Проблемот е во Софија за тоа што едноставно не знаат ниту кои се, ниту што се, ниту за каде се“, истакна Страшо Ангеловски, лидерот на ТМОРО-ВЕП, вечерва во емисија „Што не е јасно“.

Ангеловски додаде дека Македонија нема надворешен проблем, туку има внатре проблем. Власта е проблемот во Македонија, токму оваа власт создава проблеми на Македонија во меѓународни односи.

„Кога Зоран Заев формираше парламентарно мнозинство тој знаеше дека не можеше никогаш да формира влада, и дека никогаш не може да има мнозинство доколку не ги собере сите антимакедонски расположени сили во оваа држава“, истакна Ангеловски.

Ангеловски посочи дека владата на Македонија е составена од луѓе кои работат на разнебитување на државата.

Коронавирус