четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 61
home Вести

Ангеловски: Ние живеемe во деветтиот круг на пеколот на Данте поради оваа неспособна и криминогена Влада

Ангеловски: Ние живеемe во деветтиот круг на пеколот на Данте поради оваа неспособна и криминогена Влада

„Ние целосно го изгубивме достоинството, ние сме целосно понижени пред целата меѓународна јавност. На што личи тоа кога ќе ви речат дека Србија извршила масовна вакцинација на Македонците? Нели е тоа жално да го слушнете“, запраша Страшо Ангеловски, претседател на МААК во гостување во емисија „Што не е јасно“.

Ангеловски додаде дека со масовната вакцинација во Србија само се докажа дека оваа Влада не е способна да си ги заштити граѓаните и да им овозможи имунизација против овој смртоносен вирус.

„Ние ја живееме трагедијата на Данте. Ние живееме веќе во деветтиот круг на пеколот на Данте. Дури и јас напишав еден краток статус каде што реков дека ние Македонците повеќе не треба да се сомневаме во постоењето на пеколот. Ние веќе го живееме пеколот со оваа власт. Таа и таква Влада е неспособна, а тоа веќе е докажано не само на справувањето со корона кризата, тоа е докажано и на економски план. Ние веќе еден по еден системите на оваа држава почнуваат да откажуваат. Нам ни откажува здравствениот систем, нам ни откажува правосудниот систем, нам ни откажува одбранбениот систем, нам ни откажува и безбедносниот систем, а тие системи се како органите во еден организам, како органите во телото. И доколку во телото на еден човек органите еден по еден почнат да откажуваат, доаѓа до смрт на тој организам, до смрт на тоа тело“, рече Ангеловски.

Ангеловски посочи дека со неспособноста на власта се докажа дека не може воопшто да се справи со здравствениот систем, а тоа се одразува по човечките животи.

„Оваа Влада овие четири години се занимава само со корупција и криминални тендери. Обидот на вакцините, на она што значи живот за многумина од граѓаните да се печалат преку тоа пари надвор од нормалното, преку тендери со фирми кои биле регистрирани само заради тоа да можат да се купат вакцини по двојно повисоки цени наспроти онаа со која другите држави купуваат, тоа зборува сосема доволно за неетичноста и за криминогениот однос на оваа Влада“, појасни Ангеловски.

Локални избори 2021