сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ангеловски: Народот е траорен, а власта се шегува- реалноста е дека граѓани умираат, а државата тоне во сиромаштија

Ангеловски: Народот е траорен, а власта се шегува- реалноста е дека граѓани умираат, а државата тоне во сиромаштија

Народот е траорен, а власта се шегува, значи власта си го почитува први април како ден на шегата, ние сме сведоци дека се ова што се прави наликува на една несолена шега со која се игра со животот на луѓето, се игра со иднината на државата, се игра со судбината на овој народ, со судбината на економијата, стопанството. Па дури и се игра со судбината на оние ситни поединци кои имаат свои бизниси и кои им пропаѓаат. И сето тоа е како на шега, гледате како премиерот како насмеан зборува, кога зборува за 30-40 изгубени животи секојдневно, ги гледате членовите на оваа влада како среќни и задоволни зборуваат за некои нешта, а притоа имаме по 1.000 луѓе кои заболуваат од смртоносниот вирус секој ден, рече Страшо Ангеловски, претседател на МААК во гостување во емисија „Што не е јасно“.

Ангеловски додаде дека на овој први април не е време за шега, бидејќи ситуацијата во државата е многу сериозна.

„Време е за многу сериозен однос за нештата кои што се случуваат оти можеби не се свесни луѓето на оваа власт дека здравствената криза во која живееме веќе година и повеќе, ќе има реперкусии 10 пати повеќе во економската криза. А, тоа значи дека еден ден здравствената криза ќе има десет дена економска криза. Ако ние поминеме во здравствената криза уште половина година или имаме некои 5-600 дена здравствена криза, ние ќе имаме 5-6.000 дена економска криза, а тоа значи осиромашување на македонските граѓани“, истакна Ангеловски.

Коронавирус