петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 155
home Вести

Ангеловски: Македонија се соочува со заевизација и дуизација, државата стана дувло на примитивизам поради лошото однесување на власта

Ангеловски: Македонија се соочува со заевизација и дуизација, државата стана дувло на примитивизам поради лошото однесување на власта

Јас оваа состојба во која што се наоѓа државата ја дефинирам со два процеси кои паралелно ни се случуваат, тоа од една страна е процесот на заевизација, а од друга страна процес на дуиузација на Македонија и тоа е погубно и катастрофално. Заевизмот да речеме тоа е поглед на светот или поглед на големиот град од позиција на полжав. И тој го гледа некаде од некоја нива, го гледа големиот град, сака да го освои и тргнува со лигавење и ползење, тргнува и доаѓа во ситуација да го освои и потоа се однесува така како што се однесува. Додека дуизација е истото тоа само што погледот е од шума или од планина но повторно со желба да се освои големиот град или да се освои светот. И ние дојдовме до една ситуација на примитивизам, целосен примитивизам од лулка на култура, од лулка на писменост. Македонија стана дувло на примитивизам поради сето она што ни се случува последниве неколку години, истакна претседателот на МААК-Конзервативната партија Страшо Ангеловски во гостување во утринска емисија на „Лидер“.

Ангеловски додаде дека говорењето на Заев на англиски јазик, на српски јазик, однесувањето негово и однесувањето на Талат Џафери покажува дека Македонија со нив тоне во примитивизам, тоне во еден простотилук и ако Македонија набрзо не се извлече од тоа мочуриште ќе стане црна дупка на Балканот. Тој дури посочи дека министрите од ДУИ покажуваат непочит кон Македонија, бидејќи кога одат во други држави одат без македонското знаме, потенцирајќи ја случката со Бектеши.

Во текот на гостувањето во утринската емисија Ангеловски се осврна и на спорот со Бугарија.

„Во сите мои настапи и сите мои говорења кога ќе ме прашаат што сега со Бугарија на пример со официјалната Софија, јас не сум уплашен од нивните барања, јас сум уплашен од нашата подготвеност до каде сме подготвени да задоволиме туѓи барања“, нагласи Ангеловски потсетувајќи дека власта води преговори за кои јавноста и Собранието не ги знаат деталите.

Ангеловски укажа дека со оваа власт Македонија нема светла иднина. На државата и е потребна нова Влада.

Коронавирус