сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 71
home Вести

Ангелов: Вчера имав слободен ден, дали за нечии болни амбиции треба да ги ризикуваме нашите пилоти?

Ангелов: Вчера имав слободен ден, дали за нечии болни амбиции треба да ги ризикуваме нашите пилоти?

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов остро ги демантираше гласините за недоволниот ангажман на неговите екипи при вчерашниот пожар во Кочани.

Како што истакна тој, најважно е дека спасени се човечки животи, додавајќи дека тоа секогаш е во фокусот на неговата функција.

„За каков неангажман на ЦУК зборуваме? Вчера имав слободен ден и заминав во Крушево. Сакам да го чествувавм нашиот најголем празник. Ние не можевме да предвидиме дека ќе избувне пожар. Вчера имавме 14 такви пожари. Без разлика каде сум, мене ми треба телефон и екипата од ЦУК која вчера машки излезе на терен. Навреда е тврдењето дека ЦУК не презел ништо. Ние и повеќе од тоа направивме. Дали за нечии болни амбиции треба да ги ризикуваме нашите пилоти? Дрвјата повторно ќе пораснат, ќе ни се вратат. Важно е дека спасени се човечки животи“, истакна Ангелов.

Коронавирус