среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 70
home Вести

Ангелевска: Охриѓани потиштени од лошата ситуација во економијата, задолжувањето, проблеми во земјоделството, здравството и образованието

Ангелевска: Охриѓани потиштени од лошата ситуација во економијата, задолжувањето, проблеми во земјоделството, здравството и образованието

Во рамките на акцијата „Лето за Македонија“ од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска бевме во градот Охрид, вели Силвана Ангелевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Целта на нашата посета беше да разговараме со граѓаните на Охрид за нивните секојдневни проблеми. Она што ги тишти граѓаните на градот Охрид е лошата ситуација во економијата, секојдневното задолжување на граѓаните, економијата оди во страшен пад, проблеми во земјоделството, проблеми во здравството, во образованието. Меѓутоа покрај ваквите секојдневни проблеми кои што ги тиштат граѓаните разговараме и за штетниот договор кој што го потпиша СДСМ со нашиот јужен сосед.  Разговаравме за членовите 7 и 8 кои што значат менување на нашиот идентитет, менување на нашата историја, менување на нашиот јазик, менување на она што значи Македонија и македонски народ. Она што граѓаните сакаат да го чујат од оваа власт е да се објасни какви се амандманите кои што ќе значат промена на Уставот на Република Македонија. Значи ги повикуваат да излегуваат на гласање а не објаснуваат кои последици ќе ги има овој штетен договор со нашиот јужен сосед и за жал во тој договор колку понижувачки Македонија се нарекува „само втората страна“, вели таа.

Ангелевска вели дека Заев повикува на дебата, меѓутоа не сака да излези и на граѓаните да им објасни што точно е договорено и како ќе гласи Уставот после евентуалниот исход од референдумот.

-Господине Заев треба да излезите и на граѓаните да им ги објасните овие работи. ВМРО-ДПМНЕ веќе во неколку наврати го кажа својот став за договорот, тој е за нас неприфатлив и капитулантски. Затоа рековме дека граѓаните на 30-ти септември слободно ќе се однесуваат според своето сопствено убедување и ќе одлучат дали сакаат да излезат или да не излезат на референдумот. Ги поканувам сите охриѓани од овој убав град кои покажаа во претходниот период на оваа скапа кампања која што ја троши СДСМ дека не ги подржуваат политиките на СДСМ, затоа и ги покануваме на 23 септември во недела во 13 часот да ни се придружат во големиот сенароден протест против сите политики кои што ги води оваа влада, истакна таа.

Коронавирус