четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 42
home Вести

Ангелеска: По 18 години заминувам од МВР, таму е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови

Ангелеска: По 18 години заминувам од МВР, таму е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови

Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу ја сакав и ја носев 18 години. Ајде да ја решиме дилемата, мојот стаж во МВР заврши. Јас повеќе не се пронаоѓав таму.

Ми нанесоа неправди, зошто така се чувствуваа дека треба старешини во МВР(очигледно на некого не сум му се насмеала) а не зошто јас придонесов со моето работење. Тие старешини за мене ќе останат партиски послушници кои се на позициите пред се за личен интерес а и за пред луѓе, комшии, пријатели, да си ги излечат комплексите кои им се на високо ниво.

Да не навлегувам околу нив, ќе треба мн да се пишува,има Господ за Нив, нема да ги заборави, што кројат туѓи судбини само за покажување на моќ, а не се свесни колку се немоќни, мизерни, неспособни, неписмени неподобни. Со години покажуваат сила врз работниците и професионалците на штета на МВР а како што пишав хранејќи си го гладното, мизерно его, а во МВР е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови.

За жал, и тие некои што сакавме да работиме не ни дозволија, секоја наша постапка законска и секој успех беше дали ќе ми се одрази во кариерата или во најмала рака дали ќе ме пратат на дисциплинска каде повеќе од виш инспектор не седнал таму, зошто другите не грешат,”писмени се”? А и тие на таа дисциплинска се началници и старешини, судот на МВР. Кога ќе видиш, истиот те тужи, истиот ти суди. Тој систем повеќе не можам да го поднесам каде што дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте. Не е голема работа дека јас сум си заминала, се ќе биде исто и без мене, се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму, ама друго ме плаши, самото незадоволство од сите вработени во министерството кои вложуваат, постапуваат, работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството, недовербата на граѓаните од полицијата.

Дојде ред да си заминеш од онаму каде се ти е познато, каде се твоите најмили, каде си создавал, каде си се родил за да одиш некаде само затоа што трудот и работата се гледа и цени. На сите колеги им посакувам успешна кариера и многу од нив ќе ми недостасуваат.

Господ да е секогаш и секаде со вас и да ве штити ,па се гледаме во подобри времиња.

Коронавирус