петок, 7. август 2020. Вести денес: 111
home Вести

Андрикиене: Мора да се адаптираме и строго да ги почитуваме здравствените протоколи

Андрикиене: Мора да се адаптираме и строго да ги почитуваме здравствените протоколи

На гостување на АЛФА ТВ во емисијата „Што не е јасно“, шефица на специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР за овие предвремени парламентарни избори Амбасадорката Лаима Андрикиене кажа дека ситуацијата е тешка поради корона вирусот но тоа не е само во земјава туку секаде низ светот. Мора да се адаптираме и строго да ги почитуваме здравствените протоколи.

Наша задача е и следење на медиумското покривање. Вашата земја е позната во светот има многу фесјбук акаунти околу 1.000.000 имате многу телевизии многу видливо и присутно граѓанско општество. Македонија е суверена земја и мора да гарантира фер и демократски избори. Ние сме тука само да набљудуваме. Не постојат совршени избори, секогаш може да бидат подобрени. Овие избори ќе бидат тест дали земјата ќе може да стане членка на големиот клуб, кажа Амбасадорката Андрикиене

Ќе ги посетиме општинските изборни комисии, но не сум изненадена што има одбивност да се вклучат во изборниот процес и членовите се повлекуваат. Тоа е сосема човечка реакција. Стравот од пандемијата е насекаде. Но сите земји и понатаму ќе имаат избори. Во Србија и во Хрватска на изборите имаше помала излезност. Од законска гледан точка нема цензус и без разлика колкава е излезноста ќе имаме легитимитет на избраните претставници. Полицијата ќе мора да ги следи сите законски здравствени протоколи, заклучи Амбасадорката Лаима Андрикиене

Коронавирус