сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Андов контра Заев и Џафери: Изборите не мора да се одложат за прием во НАТО

Андов контра Заев и Џафери: Изборите не мора да се одложат за прием во НАТО

Зоран Заев и Талат Џафери за да го променат датумот за одржување на изборите почнаа да ја збунуваат јавноста со пораки дека поради НАТО е можно одложување на договорениот ден 12 април. За ваквите изјави од актуелниот спикер на Собранието и премиерот, првиот претседател на законодавнот дом Стојан Андов вели дека се работи за политичка манипулација.

Според Заев целата постапка околу ратификацијата на членството во НАТО, ќе завршела до 11 февруари, кога треба да се распушти актуелниот парламентарен состав. Неофицијално Заев се плаши дека ќе се соочи со катастрофален пораз и нема да добие ни 40 пратеници.

Сепак во изјава за Алфа Стојан Андов вели дека мандатот на пратенците никој не може да им го одземе, а тој трае се додека не бидат избрани нови пратеници.

Седница секогаш може да се одржи. Доволно е да има политичка согласност од сите партиии во Собранието, а Владата, или Владата и опозицијата заедно, да достават конкретен предлог за да се свика собраниска седница“, вели Стојан Андов кој во телевизиска дебата пред две недели изјави дека огромниот криминал и корупција во која е заглавена Македонија не е можна без дозвола од највисоките кругови на власта.

Коронавирус