четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Андоновски: Заев излажа дека ќе си даде оставка доколку нема преговори со ЕУ, повеќе нема причини да биде премиер

Андоновски: Заев излажа дека ќе си даде оставка доколку нема преговори со ЕУ, повеќе нема причини да биде премиер

Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка доколку не добиеме датум за преговори. Ветувањето на неговата кариера се живот за сите и членство во ЕУ. И во двете работи неуспеа и разочара. Сега треба да има малку грам морал и да си даде оставка. Се уште под импресии од лажните прослави во владиниот авион пред две години, изгледа Владата нема намера да ја признае сопствената недоветност. Европската иднина ја доведоа до знак прашалник заради сопствената недоветност, и нивните неуспеси. Ветувањата завршуваат со разочарувања. Затоа, време е за оставка и одговорност, изјави на денешната прес конференција Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оставка затоа што Заев уште од 5-ти јули 2018-тата лаже дека сме добиле датум за почеток на преговори заради договорите за добрососедство. Затоа што се сликаше во авион лажејќи не сите нас. Заев треба да поднесе оставка затоа што го лажеше македонскиот народ дека Договорот со Бугарија ги затвора сите прашања, а дека Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач. Оставка затоа што ги внесоа билатералните проблеми со Грција и Бугарија во договори кои се услов за отпочнување на преговори. Затоа што ги уништија позициите градени од генерации политичари, ги погазија признавањата од десетици држави. Оставка затоа што надмено и суетно ги исклучија од разговорите сите експерти, други партии и дипломати од кариера. Затоа што три години одбиваа да изградат национален консензус и македонски државни црвени линии. Оставка затоа што оваа екипа донесе три години понижувања, сменето име, прифатени секакви платформи, историја која се распродава. Овие луѓе не можат сега да глумат витези кои го бранат македонскиот идентитет, вели тој.

– Оставка затоа што водењето држава не е битпазарски бизнис. Оставка заради килавата патлиџан дипломатија која губи насекаде. Оставка заради лагите на Димитров дека за македонскиот идентитет не се дискутирало, а македонскиот јазик ни бил бетон, додека Османи затворал 7-8 ново отворени прашања. Оставка заради лагата дека нема да има анекс и декларација на Договорот со Бугарија. Оставка заради манипулацијата дека опозицијата е онаа која ги кочи евроинтеграциите. Оставка затоа што ги погазија делата на Димитрија Чуповски, Ѓорѓија Пулевски, Гоце Делчев, Крсте Петков Мисирков, Цар Самуил, браќата Кирил и Методиј и браќата Миладиновци. Без никој да знае се договорија да ги распродадат. Оставка затоа што добивме ем национални понижувања, ем вето за ЕУ, дециден е Андоновски.

– Сега блокадата веќе не е „во главата на вмровците“. Заев нè удри во ѕидот. Оваа Влада покажа дека е неука за историските теми, арогантна и неспособна да ги сочува јазичните прашања, своето малцинство во светот, и своето име. Во последните три години, Заев и Димитров ги потрошија најсилните аргументи и позиции на Македонија. Заев и Димитров нè оставија со идентитетски проблеми кај соседите и блокада еднаква на онаа од пред 12 години од Букурешт. Македонија мора да биде дел од Европската Унија. Но, тоа ќе можат да го постигнат само политичари кои знаат како треба, политичари кои не се мафијаши, кои немаат долгови кон никого и кои ќе работат без да крадат. Затоа, време е да заминат Димитров, Османи, а најмногу Зоран Заев. Македонија мора да го избегне амбисот и да зачекори кон интеграција, реформи, напредок и зачувување на македонскиот национален идентитет. Време е за оставки!, исткана тој.

Најнови вести

Коронавирус