вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 108
home Вести

Андоновски: Во ЕУ не се оди со куферчиња полни пари и со криминал и корупција

Андоновски: Во ЕУ не се оди со куферчиња полни пари и со криминал и корупција

Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат М рече дека чекорењето кон ЕУ треба да биде сеопфатен процес за кој ќе има консензус.

„Преговорите ќе траат долго тоа го говори искуството и од другите држави значи ќе се менуваат влади, а тоа не води кон тоа дека не можеме да менуваме приоритети кога станува збор за ова прашање. Во ЕУ не се оди со куферчиња полни пари, со австралиски долари од менувачници во Муртино, не се оди во ЕУ со криминал и корупција. Тоа што се случува во Македонија го гледаат сите и Економист и Стејт департмент и слично. Затоа ние како партија бараме и една единствена институција во која ќе бидат агрегирани сите надлежности за овој процес, а не да не знаеме која е адресата кабинет на премиерот, на вицепремиерот“, рече Андоновски.

Според Андоновски во изминатите три години од власта на СДСМ се виде паралелизам во овој процес.

„Не сакаме паралелизам, како што ни се случуваше три години да знаеме кој е клучен за патот кон ЕУ. Сметаме дека ова треба да го води една фигура за која има консензус. Ние во програмата Проект Обнова се залагаме за Секретаријатот за европски прашања со зајакната и единствена функција. Во тој СЕП треба да се координираат сите институции“, рече Андоновски.

Тој вели дека партијата во својата програма „Проект обнова“ има многу јасни ставови за надворешната политика.

„За разлика од СДСМ, партија која има краток дел за надворешната политика, ние како партија во програмата имаме неколку поенти. Прв приоритет е ЕУ, професионален пристап на патот кон ЕУ, изработка на една сеопфатна национална стратегија, мала и ефикасна дипломатска мрежа, директен контакт со дијапсората и поврзување со цел да инвестираат во Македонија“, рече Андоновски.
Тој информираше дека во изработката на стратегијата ќе учестуваат експерти, лица од партијата, од невладини организации и слично, зошто тој документ СДСМ го ветуваше но не направи ништо.

Според него на државава и треба и една мала и ефикасна дипломатска мрежа, а не испазенти дипломатско конзуларни претставништва.

„Ние можеме да ветиме дека Македонија нема да биде држава на луѓе со свткана кичма и килава дипломатија. Македонија која ќе носи напредок, а не да се справува со Луи Вутон куферчиња“, рече Андоновски.

Коронавирус