петок, 23. јули 2021. Вести денес: 10
home Вести

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ сака договори за партнерство, а не договори кои на соседите ќе им се алатка за да ја кочат интеграцијата на Македонија

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ сака договори за партнерство, а не договори кои на соседите ќе им се алатка за да ја кочат интеграцијата на Македонија

Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика на претеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат М говореше за ставовите на партијата во пресрет на претојните предвремени парламентарни избори на 15 јули.

„Договорот од Преспа е егземплар на свитканата кичма, тоа се случува кога настапувате без свои ставови и идеи. Додека грчката страна имаше тим од над 40 експерти во преговорите за Договорот, македонсаката страна не ја вклучи ни опозицијата, или ја исклучи. СДСМ ги искористи и институциите и преку поткуп на пратеници направи да поминат амандманите за измена на Уставот согласно Договорот од Преспа“, рече Андоновски.

Андоновски посочи дека во сиот тој процес македонската страна даде премногу, а за возврат доби многу малку.

„Цело време пак ние баравме активно да сме вклучени и да не се поигрува со јазикот и идентитетот, така дојдовме во ситуцаија државата да е со свиткана кичма. СДСМ ова и го немаше ветено пред изборите во 2016 година да го ветеше немаше да добие ни толку гласови колку што добитуку многу помалку. Напротив Заев во кампањата се колнеше дека нема да менува ни име, ни Устав. Но, следат избори, а граѓаните се мудри и гледаат кој што прави“, рече Анодновски.

Во контекст на Договорот со Бугарија, тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ долги години преговараше со Бугарија за договор кој ќе гради партнерства и мостови, а не да урива.

„Овој Договор е алатка на Бугарија да ја кочи евроинтеграцијата на Македонија, а тоа го гледаме од заклучоците на Советот на ЕУ. Бугарија бара целосна имплементација на Договорот за да стартуваат преговори на Македонија со Брисел, а дел од тоа е непризнавање на јазикот, народот, ревизија на минатото“, рече Андоновски.

Коронавирус