четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 157
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Андоновски: Власта го гледа датумот за ЕУ како да е трансакциски процес

Андоновски: Власта го гледа датумот за ЕУ како да е трансакциски процес

Стефан Андоновски, советник за меѓународна соработка во ВМРО-ДПМНЕ гостуваше на „Лидер“ при што посочи дека грешката на оваа Влада е што на процесот на ЕУ гледа како на трансакциски процес, иако ЕУ покажа дека процесот не е таков. Напротив, за да се добие датум за ЕУ треба многу работа, што оваа власт не испорача.

-Активен член сум веќе 10 години и ми претставуваше голема чест да бидам повикан на функцијата која што ја вршам во моментов како советник за меѓународна политика. Не е лесно морам да признам, затоа што работата е постојана, константна , контакт со сите наши партнери од меѓународна заедница. И често се бориме против „fake news“, се бориме против лагите и манипулациите кои што излегуваат од спротивниот табор за нас како партија, појасни Андоновски. Андоновски додаде дека со дела и со активности ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е прозападна партија која сака да ја види Македонија во ЕУ и членка на НАТО. Мислам дека на Република Македонија и граѓаните им е доста од вечните политичари, политичари кои што се во политикава повеќе од 30-тина години, а немаат никакви резултати и не донеле ништо. Се надевам дека за моите активности и мојата работа ќе судат граѓаните. И се надевам дека ќе ми биде дадена можност на граѓаните да им овозможам нешто подобро. За утре ден да речат дали е млад или не е млад не е толку важно, туку да видам што направи тој како политичар за мене, истакна Андоновски.

Андоновски образложи дека Република Македонија е спремна да добие датум од 2009-та година според препораките на ЕК.

И тој датум е една цивилизациска придобивка, историска придобивка за Македонија и граѓаните во неа. Жално е што Владата во моментов , односно функционерите на таа влада тој процес го сфаќаат трансакциски – ќе ти дадам нешто, за да земам нешто. Напротив ЕУ со години покажа дека процесот не е трансакциски, нагласи Андоновски.

Коронавирус