четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 98
home Вести

Андоновски: СДСМ злоупотребува државни објекти за рекламни паноа како Комунистичката партија на Северна Кореја

Андоновски: СДСМ злоупотребува државни објекти за рекламни паноа како Комунистичката партија на Северна Кореја

Барокот на Шилегов очигледно не му пречи, а особено не кога треба неговиот лик да ја украси барокната зграда. Петре Шилегов, и кандидатот на СДСМ за Центар, поставиле огромни паноа. Но, не на приватен билборд, туку на зграда во наша, во сопственост на граѓаните. Врз основа на кој закон е дозволено имотот на општините и државата да стане рекламно пано на СДСМ? Дали ова рекламно пано било понудено на сите политички партии да можат да се рекламираат? Или на државен имот, имотот на граѓаните, право на реклама има само и исклучиво на СДСМ, праша денеска Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција за медиумите.

Тој посочи дека нема да дозволат СДСМ да се однесува како Комунистичката партија на Северна Кореја.

– Исто како во комунистичките режими низ светот, Петре Шилегов сака да ја покрие сопствената неспособност и неработа поставувајќи огромни слики од кои сите треба да сме воодушевени. Напротив, големите лаги не можат да бидат покриени со големи слики. Оваа агресивност само ја покажува нивната слабост и стравот од пораз. Затоа на овие избори ќе победат граѓаните на Скопје, вели Андоновски.

Тој истакна дека за СДСМ доаѓа силен пораз од сите луѓе на Македонија.

– А за оваа злоупотреба ќе има одговорност. И за оние кои тоа го дозволиле, и за оние кои ги поставиле овие пропагандни реклами 17ти октомври е блиску, институциите ќе се ослободат од канџите на власта, а одговорност за ова дивеење ќе има, додаде Андоновски.

Коронавирус