вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 107
home Вести

Андоновски: Преодната стратегија ќе помогне на ранливите категории на граѓани

Андоновски: Преодната стратегија ќе помогне на ранливите категории на граѓани

Денес во ВМРО-ДПМНЕ се одржа Livechat каде што се говореше на мерките кои ги промовира партијата за обнова на Македонија. Еден од говорниците беше и Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика кој што посочи дека преодната стратегија е добар дел бидејќи така ќе може да се пристапи и помогне на ранливите категории на граѓани.

„Прво треба да се разбере дека доста неумесно СДСМ ги таргетира особено невработените граѓани. Неумесно затоа што, пластично да објаснам ако се работи за една опожарена на едно семејство и СДСМ доаѓа и им дава од 2-3.000 денари на луѓето внатре во семејството само за да не раскажуваат на комшиите и на нивната поширока заедница што им се случило. Наместо тоа ние нудиме решавање на проблемот односно санирање на куќата“, појасни Андоновски.

Андоновски додаде дека мерките се поделени на три главни компоненти. Трите мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предвидува предвидено е помош од над 50 милиони евра, која што ќе биде директно вбризгана кај граѓаните, и тие директно можат да ги почувствуваат бенефитите. Првата мерка е поддршка на граѓаните со ниски примања и невработените граѓани. Втората мерка е 150 евра директна еднократна помош за невработени лица. Третата мерка е обезбедување 200 евра парична помош за сите лица кои ги изгубиле своите работни места за време на кризата. И обезбедување еднократна парична помош на лицата кои што да ги искористат како ваучер за туризам.

„Предвидена е и мерка поддршка за поволни бескаматни кредити и грантови за реновирање на нивните домови во смисла на енергетска ефикасност, подови, фасади и прозорци. Затоа што сметаме дека на овој начин ќе помогнеме на граѓаните да инвестираат во подобар живот, сопствен. А, тоа ќе биде на многу евтин начин, ова го предвидовме ние и со програмата „Проект – обнова за Македонија“, но сега го вметнуваме во првите 6 месеци од владеењето, по преземањето на власта. И сметаме дека е добар дел оваа преодна стратегија“, истакна Андоновски.

Андоновски посочи дека е предвидена и онлајн платформа,платформа на која што младите и студентите па дури и сите граѓани ќе можат да пристапат кон своето образование, надоградба, да се информираат за сервисите, за кредитите, за помошта која што ќе се нуди.

Коронавирус