среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 176
home Вести

Андоновски: Преку укинување на предметот историја, власта се обидува да ја ретушира историјата и ќе ги извитоперува фактите

Андоновски: Преку укинување на предметот историја, власта се обидува да ја ретушира историјата и ќе ги извитоперува фактите

Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма, реагира на денешната изјава на Мила Царовска за укинување на предметот историја и спојување во еден предмет како општествена наука како во Финска, велејќи дека шарена лага е дека во Финска не се изучува историја, додавајќи дека тој овој обид го гледа како ретуширање на историјата каде што владата е може да прави извитоперување на фактите.

-Шарена лага е дека во Финска не се изучува историја. Се изучува национална историја, го проверивме во Евридика податоците за нивните силабуси, се изучува историја и национална историја и обидот да се спојува тоа во еден предмет општествени науки, јас го гледам како обид за ретуширање на историјата. Знаете ќе се пишуваат нови учебници по тој некој нов предмет оштествени науки и тука ќе може владата да прави извитоперување на фактите и да добиеме баш такви некои идеи дека во Петрич и во Струмица зборуваат некој ист јазик или дека Бугарија е ослободител, посочи Андоновски.

Најнови вести

Локални избори 2021