вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Нема правда за Рекет и поткуп на Дончев, а слушаме како Бојан Јовановски вели дека парите завршиле кај Заев, и видовме како Дончев полни торби со пари

Андоновски: Нема правда за Рекет и поткуп на Дончев, а слушаме како Бојан Јовановски вели дека парите завршиле кај Заев, и видовме како  Дончев полни торби со пари

СДСМ и Зоран Заев се најголемите производители на корупција во Македонија. Со 4годишното владеење на СДСМ, Македонија има историски најлош пад на 111 место на меѓународниот ранкинг на Транспаренси Интернешнл. Ние сме во друштво на Монголија, Панама, Молдавија, Есватини, Сиера Леоне. Подобра оценка за корупција од Македонија имаат: Косово, Ел Салвадор, Брегот на Слоновата Коска, Алжир, Гамбија, Казахстан, Етиопија и Суринаме. Ова е успехот на антикорупционерот Љупчо Николовски. Ова се резултатите на министерот за правда Бојан Маричиќ, рече на денешната прес-конференција Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од држава со резултати на Doing Business, 50 места погоре во борбата против корупцијата и една од најдобрите бизнис дестинации, станавме држава еднаква со државите кои се уште се во граѓански војни, вооружени судири, убиства и атентати
на лидери, диктатури. И сто прес конференции да организираат, и уште десет скапи ПР агенции да ангажираат со наши народни пари, нема да можат да го покријат меѓународниот срам кој и го донесоа на Македонија. Корупција е кога Директор на Државниот фонд за здравствено осигурување во случајот „Дијамед“ вели дека со Швеѓаните имаат “игра”, и споменува дека една од опциите е “Швеѓаните да платат нешто”. Корупција е кога истиот тој директор товара купчиња кеш пари во торби. Непријавени, неоданочени, криминогени пари. И за тоа никој не одговара. На директорот влакно не му фали од главата. Тоа е
корупција. Корупција е кога омилениот медиумски лик на власта, на сред судница вели дека „парите треба да се бараат кај Зоран и Вице Заеви“. Корупција е кога премиерот знае пред правосудството за мрежи од кривични дела и дозволува истите да
продолжат. А после се, омилената обвинителка на власта не вештачи телефони и други уреди за да стигне до врвот на пирамидата – до главата на корумпираниот октопод. Нема правда во случајот Рекет, ниту поткуп за Ден Дончев, ниту пак за Дијамед. Ете затоа сме најкорумпирани во Европа. Ова се причините за коруптивната кал во која не доведе Зоран Заев. Затоа, Македонија наместо да е во друштво со сите европски држави каде што се стремиме, е во друштво со диктатури и нефункционални држави – кршливи демократии и авторитарни режими, истакна Андоновски.

Затоа, одговорност за Николовски и Маричиќ. И одговорност за владата на Зоран Заев. Кога ќе си замине оваа влада, ќе дојде одговорност за мочуриштето во кое не донесоа, додаде тој.

ЕУРО 2020

Македонија