сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 22
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Андоновски: Недостасуваат пари од благајната на Агенцијата за европски образовни програми

Андоновски: Недостасуваат пари од благајната на Агенцијата за европски образовни програми

Вечерва на Канал 5 телевизија советникот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК Стефан Андоновски, ја обвини директорката на Агенцијата за европски образовни програми Лидија Димова за незаконско и недомаќинско работење и побара од надлежните институции да отворат истраги и да ги обелоденат наводите.

-Пред околу еден месец забележавме дека Националната агенција за европски образовни програми има доставено годишен извештај завршна сметка до Централниот регистар на Македонија, што е и законска обврска. Оттука се посомневавме дека има некој проблем во Националата агенција и алармиравме за тоа уште пред некое време. Но, сепак немаше одговори. Измината недела добивме информации и ние како партија и сите домашни и странски институции дека се случува нешто незаконско во Националната агенција. Станува збор за тоа дека неможело да се поднесе завршна сметка и годишен извештај, затоа што во институционалната благајна на агенцијата недостасувале, според наши сознанија, неколку десетици илјади евра. Наводите кои пристигнаа до нас е тоа дека тие пари ги зимале луѓе блиски до директорката Лидија Димова кои што се вработени како надворешни соработници во Агенцијата. Значи не станува збор за редовни вработени. Со цел да се заташка работата и да не се дознае многу околу тоа, Димова се обиде да ја демантира нашата пред конференција, но без успех затоа што всушност таа ги потврди нашите наводи, рече Андоновски.

За тоа дали постои доказ и дали ќе следува кривична пријава за Лидија Димова, Андоновски рече дека институциите треба да го расветлат случајот затоа што дополнително на целиот случај вработените таму во Агенцијата трпат голем притисок поради ова.

-Ги повикуваме сите надлежни институции да си ја сработат својата работа и да ги истражат овие наводи. Ние уште минатата година алармиравме за недомаќинското работење, односно се работеше за тендери и договори над 100 илјади евра со пи-ар агенции, склучувани во четири очи. И други нерегуларности како на пример вработување на блиски луѓе, давање на средства на луѓе блиски на Димова. Оваа прилика еве ја користам да прашам дали навистина се набавени возила од оклу 100 илјади евра кои што се употребувале за лични потреби на луѓе блиски на Димова, а вработените не смееле да ги употребуваат. Имаме информации дека возилата се возеле во ноќните часови и се оштетени, посочи Андоновски.

Парламентарни избори 2020