понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Андоновски: Не може да се збори за избори кога во Република Македонија се заразуваат два пати повеќе луѓе отколку во цел Балкан заедно

Андоновски: Не може да се збори за избори кога во Република Македонија се заразуваат два пати повеќе луѓе отколку во цел Балкан заедно

Стефан Андоновски, советник на претседателот Христијан Мицкоски за надворешна политика во своето гостување во „Само Вистина“ говореше за одржување на изборите каде посочи дека во државата не можат сега да се одржат избори кога во Република Македонија бројот на заразени е двојно поголем од бројката на заразени во целиот Балкан.

-Заев веќе трет пат кажува дека последен датум е овој што го кажува сега, го слушнавме тоа и за 14 јуни, за 21 јуни па сега и за 5 јули и замислете што ќе се случеше да изборите беа договорени за 14 јуни и сега бевме во тек на кампања и да ни се случеше повеќе од половина од листата на кандидати за пратеници на СДСМ и коалицијата во изборна единица 2 да се во самоизолација и треба кампањата да ја помине буквално дома. Уште полошо што би можело да се случи доколку истите тие луѓе беа во кампања, беа заразени и се среќаваа со луѓе. Таа неконзестентност на Заев може да се види баш во тие изјави додека техничкиот премиер бара 30 дена продолжување на вонредната состојба на 15 мај до 15 јуни во исто време неговиот претседател бара избори недела после завршување на вонредната состојба и во таа смисла ние не сакаме после овие бројки кои ни се случуваат да дискутираме за рок, за термин за избори во моментот кога во Република Македонија ни се заразуваат два пати повеќе луѓе отколку во цел Балкан заедно, истакна Андоновски.

Андоновски посочи дека за дата за избори може да се зборува доколку во државата има еден или двајца новозаразени и нема ниту еден починат.

Парламентарни избори 2020