сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 69
home Вести

Андоновски: Националната агенција постојано дели пари на 4 исти организации

Андоновски: Националната агенција постојано дели пари на 4 исти организации

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија изјави дека исти 4 организации постојано добиваат голем дел од средствата од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а дел од средствата добивала и организација на лица од судската власт во Македонија.

-Прв пат се случува дека истите 4 организации да добиваат средства. Значи не во 2014 туку сега добиваат, во 2018 и 2019 година, средства од Националната агенција, потенцираше Андоновски.

Тој истакна дека институциите се заробени од Зоран Заев и затоа не реагираат на ваквите скандали бидејќи досега и Јавното обвинителство и Државната агенција за спречување на корупција да реагираат и по службена должност да го испитаат работењето на Националната агенција, но гледаме дека тоа се уште не е случај.

-Видовме дека оваа власт под Зоран Заев буквално ги фаќа под свое сите институции и тие не можат да мрднат и немаат никаква слобода. Таму каде што не може да фати директно таму ги корумпира. Видовме во судство, сега уште фали да дознаеме дека државната комисија за спречување на корупцијата исто така е финансирана од Националната агенција , нагласи Андоновски.

Коронавирус