петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 85
home Вести

Андоновски: Македонија има постојано уназадување, а Владата наместо да ги поправи работите сака да ги прикрие со лажни вести

Андоновски: Македонија има постојано уназадување, а Владата наместо да ги поправи работите сака да ги прикрие со лажни вести

Плашат два феномени. Првиот феномен е што ние имаме постојано уназадување во однос на овие параметри. Што се однесува до „Економист“, ние неколку години сме во оваа група на хибридни режими, тоа е претпоследната група по категоризацијата на демократиите. Класификацијата се прави по неколку објективни, мерливи параметри, а не по нечија желба, по нечија насока. Првиот проблем што го имаме е дека постојано бројките се влошуваат.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Од друга страна, гледаме дека Владата нема желба работите да ги поправа туку работите да ги прикрие со лажни вести. Така, имате објаснување дека методологиите не чинеле, дека Владата правела сè што може, проблеми биле остатоците од некои поранешни системи на владеење, сето тоа со цел да се прикрие реалноста која што граѓаните ја живеат. Оваа слика не треба да ни кажува каде се движиме „Економист“ или „Транспаренси“, ние самите чувствуваме каде сме, а ние сме таму каде што нè бутка Владата, а тоа е хибриден режим, вели тој.

Оценува дека нема простор за напредок со оваа власт.

-Додека на власт е корупција, криминал и владеење на непотизам, до тогаш ќе гледаме вакви и полоши резултати на овие меѓународни мерења, истакна тој.

Целото интервју со Стефан Андоновски погледнете го во продолжение

ЕУРО 2020

Македонија