среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Корупцијата на власта е ракот на нашето општество

Андоновски: Корупцијата на власта е ракот на нашето општество

Денес е Светскиот ден на борбата против корупцијата. УМС на ВМРО-ДПМНЕ по повод овој ден упатува порака до сите граѓани на Македонија, но најпрво до младите, истакна Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Корупцијата е рак на нашето општество, корупцијата преставува директно уништување на општествениот систем, занемарување на моралните вредности и погазувања на демократијата. Ова коруптивно општество ги демотивира младите, ги остава без перспектива и без шанси за напредок. Нема да останеме неми за сто и единаесетото место на Македонија според индексот за коруптивност. Ова е поразителен факт.

Само ако борбата на младите против корупцијата е безкомпромисна, ќе ја сочуваме нашата иднина. Унијата на млади сили јасно порачува дека овој проблем во Македонија произлегува директно од владините структури кои се најголеми промотори на коруптивното однесување. Сите случаи кои беа изнесени во јавноста, но и такви кои се сеуште зад очите на јавноста, се најголем доказ за нивната коруптивност. Рекет 1, 2, 3, 4, обид за земање провизии при процесот на набавка на вакцини, градоначалници кои се шверцери, “Луи Витон” торбата со пари, криминалите на Ден Дончев, тендерите на Рашковски, тендерите на Љупчо Николовски, за жал, изгубените животи во модуларната болница, и автобусот во Бугарија, издавање на лични карти на криминалци, кои директно линкуваат до Заев, предизборен поткуп и уште многу други корупции на дневно ниво кои не се ни споменуваат.

Почитувани Унијата на млади сили секогаш ќе стои на страна на правдата и секогаш ќе се бори со ваквите појави во општеството. Борбата со овие проблеми е суштинска, а толеранцијата на ваквите појави е соучество. Низ годините на нашето постоење, никогаш не сме молчеле и не сме ги затвориле очите пред големите неправди и корупција.Нема и овој пат.

Искрено се надеваме дека наредната година, Светскиот ден за борбата против корупција ќе се одбележи во вистински дух и со реален напредок, подвлекува Андоновски.

Коронавирус