среда, 21. април 2021. Вести денес: 113
home Вести

Андоновски: Граѓаните со иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ докажаа дека не сакаат некредибилен и политички мотивиран попис

Андоновски: Граѓаните со иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ докажаа дека не сакаат некредибилен и политички мотивиран попис

Денеска сме тука во Неготино, да продолжиме со граѓанска акција за собирање потписи со кои ќе го поништиме Законот за попис. Акцијата се одвива одлично, во Неготино се собрани повеќе од 1.000 потписи. Овие денови граѓаните доаѓаат, а ние сме тука да им дадеме поддршка, да ги подржиме во она што сите заедно сакаме да го направиме, изјави денеска Стефан Андоновски во Неготино.

-ВМРО-ДПМНЕ не е против попис, пописот ни е сериозно потребен за градење на политики, мерки за во иднината, за планирање на економија, за планирање на вработувања. Но, тие вработувања не смеат и не можат да се базираат на попис кој е некредибилен, спротивен на сите стандарди, политички мотивиран. И заради тоа граѓаните постојано ни се приклучуваат во акцијата и ги повикувам да продолжат тоа да го прават на штандовите и тука во Неготино и во цела Македонија, за да можеме да го спречиме ова што сакаат да го направат, и да можеме да имаме квалитетен попис во кој што сите ќе веруваме, а подоцна да можеме да креираме политики базирани на тој попис, вели тој.

-Акцијата продолжува уште две недели во сите градови и се надеваме дека ќе постигнеме сериозни бројки, почнавме многу сериозно, во првиот викенд беа собрани над 50.000 потписи. И сигурни сме дека до крајот на акцијата бројката ќе стане и шестцифрена и ќе може да имаме сериозна поддршка во Собранието, за да можеме да го спречиме овој попис кој што сакаат да ни го организираат, додаде Андоновски.

Коронавирус