среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски до Жерновски: Што имате вие направено за граѓаните како човек со 25 годишно искуство во политиката во Македонија?

Андоновски до Жерновски: Што имате вие направено за граѓаните како човек со 25 годишно искуство во политиката во Македонија?

Добро би било затоа што сте во дипломатија, да земете Атлас и да ги поднаучите знамињата. Не знам дали сте вие или луѓето кои што ви го водат вашиот профил на социјалните мрежи, па да не ги грешите знамињата на државите, му порача Стефан Андоновски, советник за меѓународни односи од ВМРО-ДПМНЕ, на заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, откако пред само две недели Жерновски сакаше да и се заблагодари на Холандија за ратификација на протоколот за членство во НАТО, но, по грешка и се заблагодари на Јемен.

Андоновски го праша Жерновски, дали може да каже што точно направил за граѓаните во својата 25 годишна кариера како политичар во Македонија, укажувајќи дека до сега граѓаните се сеќаваат само на она мало „плоштадче“ со две клупи и две канти за ѓубре од врем кога бил градоначалник на општина Центар.

-Вие сте 25 години во политика. За 25 години, еден денар немате платено данок, туку државата ви плаќа вас, преку Град Скопје, преку министерство, и ме интересира што вие имате донесено за овие 25 години за Република Македонија? Дали имате донесено некоја инвестиција, дали со некој проект сте ја намалиле невработеноста, дали сте изградиле нешто?, праша Андоновски.

-Вие останавме во сеќавањето на граѓаните по оние скверови, ветувани рекламирани и повеќе потрошивте на реклама од колку на самиот сквер и плоштадчето беше две клупи и две канти за ѓубре, додава тој.