среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 72
home Вести

Андоновска: Венко понуди вистински мерки, спаси живот на граѓаните!

Андоновска: Венко понуди вистински мерки, спаси живот на граѓаните!

За прв пат имаме вонредна состојба, во историјата на независна Македонија и некако си дадов оправдување, да напишам и нешто повеќе. Вонредна состојба и во многу држави низ светот и превземање на вистински мерки за заштита на здравјето на населението и мерки за заштита на економијата.

Светот е изложен на предизвик во борбата со еден вирус, за кој досега скоро и да нема научни истражувања и медицина базирана на докази. Но, затоа има искуства и препораки од оние кој веќе се соочија со него, пишува доктор Марија Андоновска на својот фејсбук профил.

Таа прашува и ја отвора дилемата „Што ние правиме во однос на тоа, која е нашата борба, кои се нашите мерки!?!? Кампања, “слушај го Венко”!?“

Според неа клучно е дали министерот ги слуша здравствените работници и граѓаните.
-А го слуша ли Венко, народот!? Стигаат ли до Венко, вистинските проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните!?
 Превзема ли нешто во врска со тоа!? Не!

Само некои недоречени мерки кои дополнително збунуваат, прават хаос и загриженост.
Прво…Венко вели, седете дома! ОК, ќе седат луѓето дома. Но, што правиме со приватните и државни институции кои бараат од вработените да одат на работа, да се мешаат во автобуси, ходници, канцеларии…., пишува доктор Андоновска.
Таа пишува  и за актуелнат ситуација за која вели „Секој си тера како ќе му текне. Едни скратиле работно време, други не одат, трети сите одат.

Запознаен ли си министер со оваа ситуација!?“.

Андоновска и со конкретен предлог за оние кои одат на работа, таа вели треба да ротираат на две недели. Или две недели работа, две недели дома, односно да има екипи кои ќе се менуваат на две недели. Со ова откако една екипа оди на работа две недели, потоа две недели е дома за да помине период на инкубација во случај во периодот во кој биле на работа да се заразиле со вирусот.

– Вака ли ќе се прекине ланецот на пренос на вирусот!? Нели е по добро да донесеш конкретна мерка, во секоја институција, приватна, државна, секаде да одат само неколку тимови на работа, две недели, како дежурни тимови, сите други дома. По тие две недели, ротирање на вработените, друг тим луѓе што седел дома да дојде на работа. Така ем ќе врви работата, ем ќе се прекине ланецот на пренос, ем помалку заболени, носители и преносители. Луѓето тоа го очекуваат. Посебно имаа очекување од прогласувањето на вонредната состојба. Но пак ништо. И покрај вонредна состојба, ништо не се менува. Се зголемија само ингеренциите на власта, па сега истите се и законодавна и извршна власт во исто време. И што се случи!? Трас,трас!!! Одлука за назначување на 10 судии денес во службен весник. Страшно! Па нели бре мерки требаше да донесете, што е сега ова!?, прашува Андоновска.

Докторката загрижена и што медицинскиот персонал нема соодветна опрема.
-Венко вели, заштитете се, користете маски, ракавици. А на терен повторно различно.
 Нема заштитна опрема за медицинскиот кадар, фрчат закани за вработени во здравството ако јавно бараат или кажат дека немаат. Замислете колку е ова жално!

Тие се на браникот, спасуваат животи, а и нивниот живот е загрозен. Што ако ги изгубиме тие кои требаат да не спасат!?, пишува Андоновска која се осврнува и на ситуацијата во која се граѓаните.

-За граѓаните да не збориме. Кој се снашол со маски, ракавици, дезифициенси, се снашол, другите Господ да ги чува. Никаде нема да се купат, а кога ќе се појават се со екстра високи цени. Што значи Венко,твоја е одговорноста! Ако кажеш заштитете се, обезбеди им!

Опреми ги здравствените работници секаде и обезбеди и за граѓаните! Така само ќе можат да те слушаат, вака и да сакаат немаат како, констатира Андоновска.

На крај таа го поставува можеби и клучното прашање дали има тестови, зошто пораката на Светската здравствена организација е тестирај, тестирај, тестирај.

-Имаш ли Венко, доволно тестови!? Слушна ли дека препораките од Светска здравствена организација е да се тестира секој сомнителен!? Во пракса друго се случува. Се јавуваат луѓе со симптоми кај кои постои и ризик да се заболени, а од таму им велат да си седат во изолација. Не оди никој да ги тестира. Е како така!? Ова ли е за аплауз!?


Андоновска со порака до министерот: „Пријателски совет- остави пресовите друг да ги тера, тоа може и од дома било кој да го прави. Пред тоа ќе ги собере сите информации, ќе излезе и ќе брифира. Излези на терен, увери се дека не функционираат така работите како што се соопштува на пресови.
 Понуди вистински мерки Венко, спаси живот! А ние сме тука и ќе послушаме“.

Коронавирус