сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Андоновска: Светот се вакцинира, земјите од регионот имаат и избор на вакцини, а ние со Заев и Филипле не знаеме ни што чекаме!

Андоновска: Светот се вакцинира, земјите од регионот имаат и избор на вакцини, а ние со Заев и Филипле не знаеме ни што чекаме!

Што дочекавме, од навистина предводници во регионот како држава, сега да сме на дното и да служиме за потсмев. За ваквата состојба, Филипче и Заев се директно одговорни. Светот се вакцинира, земјите од регионот дури имаат и избор на различни вакцини, а ние чекаме, а незнаеме ни што и како чекаме, бидејќи властите секојдневно не лажат и манипулираат со различни изјави во медиумите. Но народот “не пие нафта”, стои во Фејсбук статусот на Андоновска Марија, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Не навлегувам во тоа дали треба или не треба да се прими вакцина, тоа секој сам нека одлучи. Јас познавам луѓе и од двете групи и од оние кои се за и од оние кои се против вакцинација. Ниедно право не смее да биде одземено! Пред некој ден едно врапче свирна и ми дошепна, дека постојат индиции дека Филипче и Заев по препорака на Српските колеги, се јавиле во Синофарм да побараат вакцини. Од таму им кажале дека бидејќи доцна се јавуваат, вакцини можат да добијат на крајот на годината или почетокот на следната. Инаку за појаснување Синофарм се поефикасните и побезбедни вакцини од двете вакцини кои се одобрени во Кина, открива Андоновска.

– После овој нокаут разговор, ставени во безизлезна ситуација уметнички наречена “останавме дрипци” одлучиле да се јават и во Синовак, онаа втората Кинеска вакцина која е помалку ефикасна, евтина ( три за сто) и е најчесто наменета за сиромашните држави. Од Синовак наводно добиле одговор дека нема проблем, но под еден услов, а тоа е да бидеме дел од тест фазата на новата и подобрена нивна вакцина што сега ја развиваат, бидејќи старата не се покажала доволно ефикасна. Им дале неколку дена на овие “нашиве” да размислат. И сега наводно уште размислуваат како сето ова да го протуркаат, без да бидат обвинети од Македонската јавност, па ги ангажирале ПР тимовите на најјако, вели таа.

– Работава е што би рекол нашиот северен сосед “дај шта даш”!? Врапчето свирна, а Филипче и Заев должни се да одговорат дали се ова е вистина!? Бидејќи се изнаслушавме различни изјави од нив, да престанат на не лажат и точно и прецизно да ни одговорат, кога, каде и со што, ќе започне анти Ковид вакцинацијата во Македонија !?
Воедно да ги потсетам дека нема да избегнат одговоеност за сето ова кое им го прават на Македонските граѓани, пишува во Фејсбук  статусот на Андоновска.

ЕУРО 2020

Македонија