петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Вести

Андоновска: Според Филипче од почетокот на февруари, сега требаше да се вакцинираме- според Филипче од денес, не се знае кога ќе стигнат вакцините

Андоновска: Според Филипче од почетокот на февруари, сега требаше да се вакцинираме- според Филипче од денес, не се знае кога ќе стигнат вакцините

Венко Филипче по 100 ти пат излажа. Поминува февруари, а Македонија не доби ниту една вакцина. Според Венко Филипче од почетокот на февруари, Македонија сега требаше да биде во процес на вакцинација со 200.000 кинески вакцини, но според Венко Филипче од денес, за кинеските вакцини сепак ќе почекаме. Колку ќе чекаме, ни самиот тој не знае. Но вакцинирање во февруари нема, истакна во „Коментар на денот“, Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ниту Венко Филипче, ниту Зоран Заев не ги спомнуваат веќе 833.000 вакцини кои ќе ни стигнат преку КОВАКС, или 800.000 вакцини од Фајзер. Вакцини во Македонија нема ниту за здравствените работници, да не беше донацијата од Србија, немаше да може да се вакцинира ниту еден од здравствените работници во КОВИД центрите. Брука, срам и јад за Македонија. Излишни се зборови, засрамете се Заев и Филипче, рече Андоновска и додаде:

„Прашање е колку ова доцнење или немање на вакцини ќе влијае на бројот на заболени и воедно колку животи ќе ја чини Македонија ова чекање и негрижа од страна на здравствените власти!? И како што сте неспособни да набавите вакцини, па уште мајтап терате со народот, дека во гостиварско недоволно се пријавиле, па и да се пријават, со што ќе ги вакцинирате и кога ќе ги вакцинирате?! Македонија со Заев и Филипче е пред катастрофа, а тие ако не можат да набават вакцини, крајно време е да кажат и да се обратат за помош кај нашите пријатели од меѓународната заедница. Народот умира, додеа вие лажете“.

Коронавирус