понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Андоновска: Поради неспособноста на власта не само што потфрливме со КОВИД-19, туку дојдовме до ситуација да се радуваме на поставување на шахта

Андоновска: Поради неспособноста на власта не само што потфрливме со КОВИД-19, туку дојдовме до ситуација да се радуваме на поставување на шахта

Вечерва во „Радио Лидер“ гостуваше Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Андоновска при своето гостување посочи дека власта ако спроведеше соодветни мерки во вистинско време Македонија немаше да биде предводник по смртност од КОВИД-19 во регионот. И не само тоа, поради неработата на оваа власт, дојдовме до ситуација да се радуваме ако некаде се постави шахта.

„Јас секогаш се обидувам да говорам на начин на кој што ќе бидам разбирлива за сите што не следат, а тоа вклучува искреност и реалност. Така да секако можеше да биде подобро, секогаш може да биде подобро. Не можам да кажам дека можеше да нема смртни случаи, не можам да кажам дека немаше да немаме заболени. Тоа е секаде во светот, и нормално дека тоа се случува и тука кај нас. Но, тврдам дека можеше да биде многу, многу подобро доколку ние бевме повеќе организирани, доколку спроведовме мерки на време, соодветни мерки во вистинско време. Секако дека можевме да ја спречиме таа смртност во која што сме предводници во моментов во регионот“, истакна Андоновска.

Андоновска додаде дека во минатото со поранешната власт регионот учеше за економија и инвестиции. Македонија во минатото беше пример за успешна држава во регионот. А, денес Македонија падна на дното поради Заев и СДСМ.

„Секогаш ни се претставува една розова слика, дека се е добро, се е во ред, дека добро живееме, но ништо од тоа за жал ние не чувствуваме. И тоа не може на долг рок да помине. Дојдовме до ситуација да се радуваме за отворање на чешма, за поставување на шахта, за косилица во некоја општина што е донација, и тоа се сега вестите. Тоа е претставено од страна на власта како некоја голема придобивка, која што се случува во моментот“, појасни Андоновска.
Андоновска посочи дека народот веќе не верува во сето тоа и нема никакви очекувања од оваа власт предводена од СДСМ.

ЕУРО 2020

Македонија