недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 64
home Вести

Андоновска: Граѓаните изгубија доверба во здравствениот систем, најавите на власта за вакцините влеваат само сомнеж

Андоновска: Граѓаните изгубија доверба во здравствениот систем, најавите на власта за вакцините влеваат само сомнеж

Дали Македонија ќе го добие вакцините во март, уште не знаеме.  Не знаеме од причина што немаме јасни изјави, имаме разноликост во изјавите и тоа за кус период и тоа не само од министерот за здравство, туку и од премиерот на државата.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во изминативе денови слушнавме различни изјави. Прво имавме изјави кои тврдеа дека уште на самиот почеток на 2021-ва година, уште во јануари месец, ние ќе ги добиеме вакцините. За само ден потоа да слушнеме дека „ние сме мал пазар и не можеме така брзо да добиеме вакцини, ќе се потрудиме на други начини“. Потоа слушнавме дека ќе добиеме во март месец, за деновиве да слушнеме дека вакцините ќе ги имаме на средината на годината. Но, и тоа раѓа сомнеж, да се сомневаме дали навистина тоа ќе биде така бидејќи ние немаме прецизни информации со кого е преговарано, како е преговарано, што е договорено, која вакцина ќе стигне кај нас, во кои количини, дали ќе стигне одеднаш, дали ќе биде тоа етапно… Ние немаме прецизни информации од министерот, напротив, имаме секојдневно различни изјави, паушални изјави, со недоволно информации и самото тоа создава сомнеж кај граѓаните, да се сомневаат дали ќе ја добијат вакцината и кога ќе ја добијат, па дури и дали таа вакцина е добра да биде примена, истакна докторката во интервјуто за КУРИР.

Андоновска оценува дека целото делување, со години наназад од кога СДСМ е на власт, со сите потези кои ги правеше во здравството, влева недоверба кај граѓаните.

-Сите околу, во нашиот регион, веќе почнаа да се вакцинираат. Каде сме ние во сето тоа? Ние упте се расправаме дали ќе сме ги добиеле вакцините на почетокот, средината или на крајот од следната година. Луѓето веќе се вакцинираат, владите во другите држави имаат грижа за населението. И тоа не е само декларативно, да излезат пред камера и да кажат туку тоа го прават и со дела, вакцинирајќи ги своите граѓани, односно организирајќи го целиот здравствен систем  да биде ставен на располагање за заштита на здравјето на граѓаните, истакна Андоновска.

Со неа разговаравме за повеќе теми поврзани со здравството, а една од нив беше и новиот Клинички Центар кој СДСМ го ветуваше и не го изгради, а расипа се што веќе беше направено од минатата Влада за ова.

-Сега ќе имавме еден готов клинички центар во рамките на клиничкиот центар доколку тие не го растуреа  планот кој цел беше готов. Беше испланирано тоа да заврши на крајот на 2018-та година или почетокот на 2019-та. Тоа значи дека ние сега ќе имавме еден клинички центар кој ќе беше функционален, кој ќе ни помогнеше подобро да се справиме  во целата оваа ситуација, истакна таа.

Целото интервју со неа можете да го погледнете во видеото во продолжение:

Коронавирус