понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 136
home Вести

Андоновска: Другите држави додека бараат вакцини за 2022 година, нашата влада прави спектакл за едно пакетче донација

Андоновска: Другите држави додека бараат вакцини за 2022 година, нашата влада прави спектакл за едно пакетче донација

„На 04.02, Венко вели ние не потфрливме во набавката на вакцините и ние имаме еден од најподготвените системи за вакцинација. Сега, како може некој да го изјави ова? Значи ние во ова треба да веруваме? Кој е тој најподготвен систем за вакцинација“, запраша Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во „Радио Лидер“.

Андоновска додаде дека правото на граѓаните за вакцинација во моментов е ускратено од неспособната власт која што не може се уште да набави вакцини против КОВИД-19.

„Како може некој да каже дека ние имаме најдобар систем, кога ќе почнеме да споредуваме по земји тоа е катастрофа. Па, ние видовме една слика, една како да кажам тоа беше, тоа не беше смешно што ни се случи пристигнувањето на вакцините. Тоа беше тажно. Тажно за овој народ и крајно понижувачки. Значи не можеме ние да кажеме дека тоа е добро. Имавме една слика каде што благодарение на една наша соседна земја добиваме една количина на вакцини и ние организираме 50-тина камери, доаѓа пола Влада, правиме спектакл од сето тоа. За што? За едно пакетче. За едно пакетче, па уште земале двајца и го носат пакетчево. Мислам не е тоа смешно“, истакна Андоновска.
Андоновска посочи дека и од тоа власта сака да претстави една слика како се функционира во државата.

„Па, не функционира воопшто. Колку добивме ние? Што сме добиле ние од вакцините? Да се задоволуваме со едно пакетче вакцини и од тоа да правиме цел спектакл“, рече Андоновска.

Андоновска додаде дека сите земји од регионот па и пошироко долго време се подготвуваа и работеа за да набават вакцини за своите граѓани. Дел од тие држави прават планови и бараат вакцини и за 2022 година.

„Ама тоа го прават држави кои имаат свест за нацијата. Значи свест за нацијата и грижа, треба да имаш чувства за тоа. Ако се грижиш ти за граѓаните треба на време да почнеш да ги средуваш нештата. Ние многу месеци наназад апелиравме не само за вакцините да бидат набавени, туку и за многу други работи. Апелиравме навремено да бидат обезбедени но не бевме послушани воопшто“, нагласи Андоновска.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија