петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Андоновска до Царовска: Скандалот со девојчето од „25 Мај“ заслужува разрешница и одговорност, недозволиво е институциите да молчат

Андоновска до Царовска: Скандалот со девојчето од „25 Мај“ заслужува разрешница и одговорност, недозволиво е институциите да молчат

Негрижата и неодговорноста на институциите во случајот со силуваното девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје е само одраз на неспособноста на Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска, изјави денес Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно дека еден ваков скандал воопшто не може да и го расипе викендот на министерката која без око да и трепне најавува дека после викендот ќе се решавал случајот кој ја потресе јавноста  во кој било силувано и забременило девојче, а потоа истото абортирало. Замислете девојче за кое државата презело одговорност да се грижи, поминува низ тешки моменти, а министерката дури утре комисиски ќе го разгледува.  Министерке Царовска, престанете да ги гледате судбините на децата како обична бирократија. Овој скандал заслужува разрешница и одговорност, пред се од вас како ресорен министер. Недозволиво е институциите да молчат и прашање е уште колку вакви слични случаи се имаат случено, а за кои јавноста никогаш не дознала, вели Андоновска.

Таа посочува дека одговорност ќе има.

-Јавноста најмалку што очекува од вас е заради вашата надреденост над институциите, вие да понесете во најмала рака политичка и морална одговорност и да си поднесете оставка, вели Андоновска.

Коронавирус