понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 154
home Вести

Андоновска: Дали Заев е до толку неспособен или е незаинтересиран за кризата во која ги втурна граѓаните!?

Андоновска: Дали Заев е до толку неспособен или е незаинтересиран за кризата во која ги втурна граѓаните!?

Не знам од каде и како е “паднат” или “црпнат” Зоран Заев, но знам дека од каде и да доаѓа е најголем непознавач на работите. Се поставува прашање, дали е до толку неспособен или пак е незаинтересиран за вистинско надминување на економската и здравствена криза во која ги втурна граѓаните!? – пишува доктор Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Во интерес на вистината, еве неколку примери, како се постапува во одговорни и демократски Европски земји:

Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс, задолжен за борбата против Корона вирусот, си поднесе оставка од функцијата во март месец.

Во месец март, на само 17 починати граѓани, оставка си поднесе и министерот за здравство на Романија, Виктор Костаке.

Министерот во Британската влада, Даглас Рос, во мај поднесе оставка поради аферата на Доменик Камингс, најблискиот советник на премиерот Борис Џонсон, кој се најде на удар на јавноста, откако не ја почитувал мерката за самоизолација за време на карантин.

Во август месец, оставка поднесе и Полскиот министер за здравство и неговиот заменик министер.

Комесарот за трговија на ЕУ, поднесе оставка за непочитување на мерките за Ковид во август.

Ирскиот министер за земјоделие, исто така во август поднесе оставка за непочитување на предвидените Ковид мерки.

Чешкиот министер за здравство поднесе оставка во септември.

Британски пратеник, кој е помошник на министерот,во октомври поднесе оставка поради тоа што Ковид мерките не дале резултат.

Многу примери каде моралот е поважен од функцијата и личниот бенефит.

Ако се стремиме кон Европски вредности, потребно е да применуваме Европска пракса.

Најнови вести

Коронавирус