четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Андоновска: Апсолутна одговорност и обврска да обезбеди соодветна заштитна опрема за медицински кадар има единствено власта

Андоновска: Апсолутна одговорност и обврска да обезбеди соодветна заштитна опрема за медицински кадар има единствено власта

Сигурна сум, дека е многу непријатно чувството, секој ден некој да ве гледа во очи и да ви кажува не вистини, да не речам, безобразно да ве лаже, а вие секако да знаете дека тоа е така.
Многу непријатно, многу!

Е сега, замислете како им е на цел медицински персонал, на сите здравствени работници,кога го слушаат Филипче како ги убедува дека имаат заштитна опрема (PPE),соодветна за SARS CoV-2.
Навистина многу непријатно, нели!?

Не ми е јасно која му е целта, не ли се медицинските работници приоритет во моментов, кого сака да убеди дека се заштитени и зошто!?

Оди ли Венко против фактите, кои велат дека сме први во регионот по број на заболени здравствени работници во регионот и пошироко, воедно и по број на заболени и починати луѓе, на еден милион жители!?
Кого убедува, здравствените работници кои одвојуваат значителен дел од својот семеен буџет за сами да си купат заштитна опрема, бидејќи друга нема!?

Или можеби сака да ги убеди семејствата на медицинските работници , дека тешкиот период низ кој минуваат, не е поради не грижата, не организираноста и не умеењето на властите да се справат со кризата и соодветно да ги заштитат оние кои се наш “бел штит”, туку дека сето ова е поради некоја друга,десета причина!?

Работава, сите се виновни, освен власта!
Арогантноста и самобендисаноста отидоа до таму, владиниот PR да тврди дека професионалци, луѓе со искуство, не знаат како правилно да носат и користат маска!?
Па, срамота е Венко, колеги ти се!
Како ќе ги погледнеш утре овие луѓе во очи!?

Тие, хероите во бело и покрај се, во ниту еден момент не се поколебаа и се исправија пред сите предизвици што ги налага ситуацијата и продолжуваат да се грижат за нашето здравје, спасувајќи животи.
Но кој да ги заштити нив!?
Тие не заслужуваат ваков третман и не грижа!

Сите тие се нечии синови, ќерки,мајки, татковци, дедовци,баби.
Сите тие имаат семејства, а голем дел од нив во моментов не можат истите да ги прегрнат.

Но,ништо не ги одврати од нивната мисија, продолжуваат и по цена на сопствениот живот.
Затоа не смее да се има пари за бадеми , фстаци, патувања, ручеци, лубриканти, а да се нема за заштитна опрема на здравствениот кадар!

Венко, доста е!
Време е да се извиниш!
И те молам, биди доблесен, излези на терен, посети ги клиниките, здравствените домови, матични ординации, види со што работат, прашај ги дали имаат заштитна опрема и како ја набавиле!
Но,без однапред испланирано и договорено сценарио , само за пред камери, туку вистински, реално.
А потоа веднаш, без одложување, организирај до крајот на оваа недела, сите и секаде, да добијат соодветна заштитна опрема во доволни количини.

Да, секако, ти си прв човек во Министерството за здравство, но одговорноста не е само твоја Венко. Подеднакво за не грижата за здравствениот кадар се одговорни и Оливер, Зоран,Рада….
И тие се повикани, но за жал изостануваат нивните дела, како и секогаш, така и сега.

Да сублимирам.

Сите граѓани во вакви или слични неприлики, добро е да помогнат, кој колку може и како може, секој на свој начин.
За среќа има многу донатори, граѓански иницијативи и луѓе со искрени намери кои не себично го прават тоа и помагаат. Секоја чест за нив, нека продолжат.Но!
Апсолутна одговорност и обврска да обезбеди соодветна заштитна опрема за медицински кадар има единствено власта!
И не да не убедува дека ја има, туку навистина да ја има!
Од здравјето на медицинските, здравствените работници, зависи и здравјето на сите нас!

Фејсбук статус на Марија Андоновска

ЕУРО 2020

Македонија