вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 23
home Вести

Андонов за „пресудата“ за Курто Дудуш: Патолошки општествен феномен наречен владеење на СДС во Македонија

Андонов за „пресудата“ за Курто Дудуш: Патолошки општествен феномен наречен владеење на СДС во Македонија

Курир од универзитетскиот професор Оливер Андонов побара став околу денешната скандалозна пресуда на судот за градоначалникот од редовите на СДСМ, Курто Дудуш, кој доби само судска опомена за физички напад врз сограѓанин.

Анонов за Курир вели дека иако не е правник, туку професор на Воената академија во Скопје во областа на одбраната и мирот, мора да каже дека ваква одлука на судот е само уште еден индикатор за тоа како се однесува судството кон лица извршителите на кривични и прекршочни дела кои се блиски или се дел од СДС.

„Јас најпрво ќе го цитирам делот од Кривичниот законик на Република Македонија од 2019 година во кој под напад врз телото и животот на граѓаните се квалификува кривично дело „Телесна повреда“ по член 130, а каде се вели:

(1) Тој што друг телесно ќе го повреди или ќе му го наруши здравјето, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Тој што ќе го стори делото од став 1 при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години .

(3) Судот може на сторителот на делото од став 1 да му изрече судска опомена ако бил предизвикан со особено навредливо или грубо однесување на оштетениот.

(4) Гонењето за делото од став 1 се презема по приватна тужба а за ставот 2 по предлог, вели Андонов цитирајќи го Кривичниот законик.

Посочува и дека во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 12 се вели:
„Кој на јавно место физички ќе нападне друго лице ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска протввредност. Кој прекршокот од ставот 1 на овој член ќе го изврши во група ќе му се изрече глоба во износ од 700 до 1.000 евра во денарска противвредност.“

Тој ги потенцира и двата Закони и членовите според кои може да се третира делото извршено од една јавна личност и функционер, во овој случај градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Од правен и законски аспект, вели Андонов, постапката на судот можеме да ја коментираме и разгледуваме во насока на тоа дека судот можеби се повикал на став 3 на член 130 од Кривичниот законик, но во целата јавна пристапност кон оваа кривично дело кое самиот го призна Дудуш, никаде не можевме да видиме дека оштетениот Демир Исмаил го предизвикал Дудуш со оосбено навредливо или грубо однесување. Од друга страна во однос на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир не е предвидена мерка „судска опомена“, туку парична казна.

Како и да е и под какви и околности судот да го теретел Градоначалникот Дудуш за сторено според донесената пресуда Кривично дело, самото признание на сторителот дека го сторил кривичното дело како и донесената пресуда повлекуваат многу морални, етички и пред се политички консеквенци за извршителот на кривичното дело Дудуш, потенцира универзитетскиот професор за Курир.

Тој ја наведува целата низа скандали и напади на Дудуш:

„Најпрво, по една серија скандали во кои со оштетување на сообраќајна сигнализација од страна на Дудуш пред околу две години (по се изгледа тоа дело на Дудуш му беше простено), нападот врз сега веќе и официјално оштетениот Исмаил за време на одржувањето на ромскиот бал на Европската ромска дијаспора „Асва“, потоа физичко измачување, омаловажување, навредување и противправно лишување од слобода на извесен Сенат за што јавноста дозна преку таканаречени „бомби“-снимен материјал на кој се слуша гласот на Дудуш, се поставува едно клучно прашање: „Со какви не-луѓе си имаме работа во политиката и кој се извршува јавна функција, а воедно е под заштита на СДС,“ вели Андонов.

-Второ, посочува професорот, овој случај со Дудуш кој самиот го признава стореното кривично дело, се надоврзува на секојдневните скандали кои ни ги приредува власта на СДС, а што преставува архетип за тоа како владеат и како намераваат да владеат во иднина, заштитувајќи насилници и криминалци во своите редови, па дури и во највисоките органи на влсата и во полицијата.

Трето, вели Андонов за Курир, во овој веќе патолошки општествен феномен наречен владеење на СДС во Македонија е во најмала рака кажано инфантилното однесување на судството, кое како по правило или ги заборава предметите против функционери на СДС, или не покренува постапки или пак таму каде што под притисок на медиумите и јавноста мора да поведе постапка, случаите ги завршува со максимална снисходливост и тоа кон повеќекратни извршители на криивчни и прекршочни дела како што е во актуелниот случај со Дудуш.

За жал мора да констатираме дека ваквото однесување на судството, потенцира универзитетскиот професор, има многу лошо влијание врз чувството за безбедност кај граѓаните (односно дека насилниците и криминалците можат лесно да се извлечат од одговорноста), демотивациски влијаат врз безбедносните структури (полициските службеници вложуваат напор за откривање и расветлување на кривични дела, а потоа судот докажани – признаени сторители на кривични дела тенденциозно млако ги санкционира или ослободува поради што и полициските службеници се доведуваат во состојба да бидат под безбедносен ризик и се деморализираат во борбата против криминалот) и на крајот, вака поставената судска пракса не отсликува во најлошо светло пред меѓународната јавност и тоа токму во предвечерието кога треба да се донесе толку спорниот Закон за јавно обвинителстово и да се покаже и волја и конкретна намера за ставање ред во обвинителството и судството, а со тоа и да се врати довербата на граѓаните во државата и нејзиното функционирање и пред се гаранција на личната и јавната безбедност.

Премногу лоши примери и судски преседани ни се случуваат дури и во овој предизборен период, што пак остава уште еден впечаток, а тоа е дека СДС сака набрзина и со најблаги казни ги затвори сите отворени судски случаи против криминалите на свои функционери, за да новата реформирана судска власт, односно по реформите во судството и обвинителството кои се неопходни, не може да презема соодветни и правични санкции против сторителите на кривични дела функционери на СДС, посочува во својот одговор за Курир вонредниот професор д-р Оливер Андонов.