петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 120
home Вести

Андонов: СДСМ и Заев од Македонија направија нарко држава

Андонов: СДСМ и Заев од Македонија направија нарко држава

Оливер Андонов универзитетски професор во емисијата Само вистина на Канал 5 потенцираше дека со владата на СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија наликува на нарко држава во која криминалците слободно се шетаат по улици.

Денес Македонија личи на нарко држава. Последиците од заробена држава е создавање на нарко држава и давање на лиценци за марихуана на син на Боро Малборо, градоначалник кој беше фатен во шверц на цигари, вели Андонов. Андонов смета дека државата не е правна држава во која владее правото, посочувајќи дека јавното обвинителство замижува пред секој криминал и скандал. СДСМ за овие три години направи нарко држава.

Македонија стана држава на која и се смеат сите, криминалци се ослободија од затвори, нема владеење на правото, судството и јавното обвинителство премолчува и замижува пред секој криминал, рече тој. Андонов смета дека владата прави предизборен поткуп со вработувања на партиски кадри од СДСМ, укажувајќи дека тоа е изборна корупција. Кажете колку луѓе вработивте во вашата агенција за време на претседателските избори.

Како во 2018 година дадовте 120.000 евра за ПИ-ар без да распишете јавна набавка? Зошто сега се активни неколку огласи и правите предизборен поткуп со луѓето преку вработување, праша Андонов. Во однос на Преспанскиот договор, Андонов смета дека тој е национално понижување на македонскиот народ. Факт е дека тој договор не национално понижување за македонскиот јазик и мојот став во однос на тој договор е многу јасен, нагласи тој.

Коронавирус