четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Андонов до Мицкоски: Ја имаш поддршката во изодувањето на трнливиот пат за враќање на демократијата, достоинството, човечноста и напредокот во Македонија

Андонов до Мицкоски: Ја имаш поддршката во изодувањето на трнливиот пат за враќање на демократијата, достоинството, човечноста и напредокот во Македонија

Универзитетскиот професор Оливер Андонов преку социјалните мрежи го коментираше вчерашниот настап на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“ на ТВ24 и му ја упати својата поддршка за, како што напиша, изодувањето на трнливиот пат за враќање на демократијата, достоинството, човечноста и напредокот во Македонија.

Во продолжение Фејсбук статусот на Андонов.

Почитувани пријатели, вообичаено фејсбук страницата не ја употребувам да давам политички коментари, но со оглед на тоа дека во Република Македонија дојде животот (нели?) и имаме многу слободни медиуми (кои ја поддржуваат владата на СДС), ќе си дозволам да дадам политички коментар, а за кој сметам дека е важно да се обзнани, па и вака на социјалните мрежи.

Поводот е синоќешното интервју на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.д-р Христијан Мицкоски во емисијата Отворено на 24 ТВ.

Ви честитам колега Мицковски на одличното интервју.

Иако мислам дека емисијата Отворено со Чадиковски, Костова, Антоновски и Незири, всушност беше симултанка на Мицкоски во ( „независните“ медиуми на „независната“ 24 ТВ на Заеви) сооднос четворица против еден (многу би сакал да го видам Заев во таа улога), сепак Мицкоски беше доминантен во текот на целата емисија.

Со моето искуство во медиумски настапи, можам слободно да кажам дека Мицкоски како лидер на опозиција е на многу високо ниво и пред се, отвори една нова и демократска страница во релациите на опозицијата кон медиумите и тоа оние провладините.

Ве молам обидете се да се сетите, кога тоа како опозиционер Заев одеше на медиуми во отворен „дуел“ со четворица или барем со двајца новинари кои имаат спротивставени ставови со него? Одговорот е НИКОГАШ.

Но, да се вратам на синоќешното интервју на колегата Мицкоски и да ги истакнам моите впечатоци за истото.

1.Мицкоски покажа дека е универзитетски професор со реноме, одмереност и став, со широки познавања на општествените, политичките, економските и други актуелности во Македонија и на тој начин пред домашната и надворешната јавност и аналитичарите покажа дека Македонија има едуциран, професионален и подготвен професорски кадар на вискообразовните установи и дека тој кадар може и треба да придонесе кон напредокот на Македонија.

2.Преку прикажувањето на овој свој профил, Мицкоски покажа дека во ВМРО-ДПМНЕ има стабилен, образован и над се патриотски потенцијал за донесување одлуки во сите области на живеење и потенцијал кој може во иднина да ја води Македонија. На овој начин, повторно по којзнае кој пат се урнаа стереотипите кои СДС со злобна намера се обидува со години наназад да ги креира во јавноста, а во последно време и пред меѓународната јавност за профилот, интелектуалниот капацитет, образовното ниво и културата на членовите и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

3.Колегата Мицкоски покажа смиреност на обидите за провокација на независните новинари, покажа достоинство да ги издржи обидите за провокација, негово омаловажување и не дозволи да падне на нивото на лично докажување и убедување со инструираните независни новинари. Значи, не им успеа тактиката да го извадат од колосек со провокации и омаловажување. Во иднина може да очекуваме дека Мицкоски ќе биде исклучително тежок противник за СДС. Тоа станува јасно, а надоврзувајќи се на овој заклучок ќе се засили и поддршката од граѓаните, бидејќи народот го препознава квалитетот наспроти неквалитетот на владеачката структура на СДС.
4.Како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски многу јасно и експлицитно ги елаборираше политиките на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи ги националните интереси и основните и темелни уставни вредности, конципирани врз демократијата, владеењето на правото и основните човекови права и слободи, а особено зачувувањето на Македонската држава и нација.

5.Еден од клучните фактори за напредокот и развојот на Македонија се добрите и развиени меѓуетнички односи во државата и провокацијата дека Мицкоски, а преку него и ВМРО-ДПМНЕ имаат политика на исклучивост кон етничките Албанци во Република Македонија и нивните политички претставници, остана само како гола и нарачана провокација, која Мицкоски ја демантираше, така што во иднина оваа тема за дневнополитичка употреба против Мицкоски лично и против ВМРО-ДПМНЕ е ставена вон сила. Тоа е пред се интелектуален и човечки триумф на Мицкоски врз политиките на интригантство и употреба на етничката припадност во насока на создавање тензии во општеството.

6.Во однос на внатрепартиските случувања, повторно обиди за провоцирање со невистинити заклучоци или полуинформации на кои одговорите кои ги даде Мицкоски беа очигледно стабилни и во насока на зачувувањето на дигнитетот на ВМРО-ДПМНЕ и спречување на озборувања и ширење гласини во јавноста, а со цел демотивација на партиското членство и симпатизерите што претставува подла цел на специјално дејствување против ВМРО-ДПМНЕ, но и против Мицкоски како Претседател. Сепак, се уште е рано и лично сметам дека е некоректно да му се бара отчет на Мицкоски за внатрепартиските состојби и динамиката за реорганизација, бидејќи поминаа само два месеци како е на чело на партијата.

7.Мицковски покажа една голема човечка димензија која во самата дебата водителот се обиде да остане незабележана па дури ниту да ја извлече како поента на крајот од емисијата. Имено, Мицкоски кажа дека (парафразирам) партијата е отворена за сите кои заедно со ВМРО-ДПМНЕ сакаат да се вклучат во борбата против анационалната влада на СДС и да застанат рамо до рамо со ВМРО-ДПМНЕ за победа и успех на државата. На овој начин тој покажа дека во себе нема суетност на лидер на голема (најголема) политичка партија во Македонија, дека е отворен да се справи со недоразбирањата од минатото, да ги прифати недостатоците на луѓето, и сето тоа во името на подобра и просперитетна држава Македонија. Сметам дека ова не е покажување на слабост или попустливост, туку едноставно давање на шанса секому. Впрочем, ваквото однесување и животен став е одлика на човечки-хуманистички пристап и резултат на академското ниво, бидејќи и во нашата професионална работа како универзитетски професори секојдневно работиме со луѓе, особено млади луѓе на кои секогаш им е потребна шанса и поддршка.

Колега, ја имаш поддршката во изодувањето на трнливиот пат за враќање на демократијата, достоинството, човечноста и напредокот во Македонија.

Коронавирус