четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 68
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

АНАЛИЗА: Зошто позитивата ќе победи – СДСМ vs. ВМРО-ДПМНЕ или црно-бел констраст на СУДЕЊА vs. ПРОЕКТИ

АНАЛИЗА: Зошто позитивата ќе победи – СДСМ vs. ВМРО-ДПМНЕ или црно-бел констраст на СУДЕЊА vs. ПРОЕКТИ

Изминува третата година од владеењето на СДСМ, а според анкетите и во неколку наврати покажаното јавно мислење на граѓаните во Македонија, следните околу два ипол месеци се и последните од владеењето на оваа партија.

Познавачите на состојбите велат дека воопшто не се изненадени до ваквата констелација на силите на теренот, во кои СДСМ се повеќе ја губи поддршката и од до вчера сопствените членови, па затоа сега се обидува да компензира со гласовите на други ентитети во државата.

Голема улога во перцепцијата на граѓаните, ценат аналитичарите, е контрастот по кој се помнат и восприемаат владеењата на двете партии.

Последното, актуелно, иако сега технички разнишано владеење на СДСМ, од самиот старт е одбележано и препознатливо по судења, апсења и политички реваншизам. Во меморијата на македонскиот народ, оваа партија и владеењето од 2017-та до 20120-та ќе останат познати по насилната промена на Уставот и името Република Македонија, пропратена со уцени, закани со затвор по семејствата и личноста на пратениците од опозицијата кои гласаа за негова промена, обидот за промена на историјата, политичките процеси на СЈО (урнисано со ликот и делото на Катица Јанева), екстра брзата и драконска пресуда за инволвираните патриоти во местенката на 27. април и 300 кривични пријави против функционери и партијци на ВМРО-ДПМЕН за само 30 месеци.

Просекот од неверојатни 10 кривични пријави месечно за опозицијата, нелогично високите затворски казни (211 години за 27 април, 4 години за дедото кој ај потегна Шеќеринска и др.) и до сега невидено провладино пристрасните судство и обвинителството им ги донесоа епитетите за Кацарска судство и Рускоска обвинителство. Ова станаа општо прифатени термини за овие две институции, за кои експертите (дел од нив до вчера силни поддржувачи на СДСМ) реагираа во многу ситуации, констатирајќи притоа дека правдата и владеењето на правото одамна ги напуштила овие есенцијални носители на спокојот и мирот кај македонските граѓани.

Наспроти политизираните процеси против политичките неистомилсеници, кои преку овие судско-политички алатки медиусмки и пропагандистички се деградираа и девалвираа во јавноста, Кацарска судството и Рускоска обвинителството се фокусираа и на одбрана на спротивниот (читај сопствениот) табор од екс Бихаќка. Така, во овој период од три години Заев е повторно амнестиран (трета аболиција во неговата кариера) за мега-аферата „Поткуп“, а вкусот на амнестијата (освен неверојантите 670 затвореници кои се најдоа на македонските улици со Законот за амнестија на владата на СДСМ) го почувствуваа и градоначалниците на владејачката партија (шверцерот на цигари Стојчев од Ново Село и тепачот Дудуш од Шутка). Двојните аршини ги потврдија и случаите Монструм и Диво насеље, во кои во битка за гласови на контото на СДСМ, убијците на 4-те момчиња на Смиљковското езеро се најдоа во домашен притвор, а за терористите кои убија 8 припадници на македонските безбедносни сили процесот стартува од почеток.

Освен по партиски обоените обвинители и судии, времето на СДСМ ќе се памети и по случајот Рекет со првиот човек на СЈО, Катица Јанева, пратеничката и потпретседател на парламентот (претходно и на СДСМ) Фросина Ременски и нивниот криминал со Боки 13, сопственикот на ултра-про СДСМ 1ТВ, каде постојано гостуваа сите министри, но и Заев. Секако и техничкиот Спасовски.
Рекетот кој се споредува со ТАТ од едно друго владеење на СДСМ не застана тука, туку метастазираше и си создаде „подрекетчиња“ или нови рекет-филијали во Рекет 2 и Рекет 3, кои ги зафатија и екс премиерот Заев, министерот Филипче, дузина директори и нов бран на Заеви советници. Факт е и дека односот на судско-обвинителските инстанци е сосема поразличен кон овие тешки криминали, наспрема итноста и брзите истраги и судења кога се работи за случаите во кои се инволвирани функционери на ВМРО-ДПМНЕ. На страна се и еден куп криминални тендери кои, како по правило, останаа без разрешница поради блискоста на инволвираните со власта.

Доколку се вратиме само неколку години наназад, особено пред крешчендото со Заевите „бомби“ кои го стартуваа уривањето на системот, се соочуваме со една сосема друга општествена слика за и во Македонија. Зборуваме за време кога главни теми беа странските инвестиции и проектите на тогашната влада. Факт е дека не секому му се допаѓаа дел од проектите, особено Скопје 2014-та, но друг факт е и дека покрај разлчичните вкусови, тогаш нешто се работеше и градеше. На големо.

Бројот на странски инвестициие на двете последни македонски влади е тотално неспоредлив. Поголем проблем е и моментот што и оние малку денешни се договорени или во најмала рака иницирани од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога сме кај проектите, единствен за сега успешен проект на СДСМ во опвој мандат е промената на уставното име, проект на кој и ја посветија и насочија целата енергија. Реформите за ЕУ исчезнаа заедно со датумот, освен ако такви можат да се посочат двојазичноста која се протна со европско знаменце, како и договорите со Бугарија и Грција. Автопатите се исто така реминисценција од владеењето на сегашната опозиција, иако оној кон Охрид и покрај „поплочениот пат“ заглави во тендерите и проценките на актуелната Влада. Факт е и дека сегашната влада патиштата кои ги „изгреба“ и повторно асфалтира ги брои во „ново“изградените километри. На иста таква дореализациаја чекаат и градинките, салите, училиштата, бесплатните учебнивци, таксите за половните автомобили, пензиите, платите на администрацијата, лекарите и др.

Единствена црна слика, слична на денешната која преовладува, во тоа време нафрлаа токму протестите на тогашната опозиција и нивните филијали во НВО, шарените „револуции“, немири, палења канцеларии, измислени „режими“ создадени во нечиј ум и секојдневните ламентации збогатени со силен говор на омраза од дел од „новинарските“ и експертски пера кои сега соочени со страв од губење на доходовните советнички позиции и грантови во фондови за иновации, тендери и слично се преродуваат и се враќаат на исконската потреба од ширење на поделби во народот.

Најдобар приказ за работата т.е. неработата на централната власт, можеби е токму локалната. Подобар пример, ценат познавачите, од бело-црниот контраст меѓу Коце Трајановски и сегашниот Петре Шилегов нема во државата. Првиот, познат како неимар и градител, човек кој го смени сообраќајниот лик на Скопје, другиот лик кој не само што не закова ниту шајка, туку наголемо продава веќе изградени згради од претходникот и се фали со отстранување на фундаменти на панорамски тркала, човек кој ќе остане запаметен по ваучерите за пијаници во скопско Дебар Маало.

Сликата за дејствувањето на двете партии на власт целосно и најдобро ја доточнува расположението на граѓаните. Во последните три години, најчесто констатирани чувства се апатијата и малодушноста кои во инванзивен процес наголемо го зафатија макеоднското општество. Овие две доминантни чувства, наметнати од црната слика создадена со сеприсутната црна хроника, судења, обвиненија на „Т“, апсења, убиства и палење автомобили комбинирани со националната корозија, непочитувањето на ставот на народот на референдумот за името, од амбисот во економијата, загадувањето и исселувањата вклучени на „најјако“, фрлија темна дамка врз мнозинството македонски граѓани кои секојдневно ја перципираат оваа ситуација.

Разликата, ценат аналитичарите, е во оптимизмот кој преку проектите за подобрување на животот и инвестициите кои ги носеше и нудеше мината влада, наспрема пропагандистичките насила наметнати розови очила на актуелната власт, очила на чија колоризација им пречи реалноста со која граѓаните се соочуваат.

Во таква општествена и политичка констелација, најлогичната констатација и избор на граѓаните се промените кои следуваат. Уште пологичен чин со кој тие гледаат излез од актуелната „црна“ слика и ситуација која ја создаде Заевото владеење.

Ова сознание за црно-белиот контраст меѓу различните владеења и искреноста во намерите наспрема лукративноста и опортунизмот во сегашната владина констелација, ценат познавачите, најверојатно и ќе биде меѓу одлучувачките моменти за резултатот на 12-ти април, домино-ефект кој веќе се гледа преку истражувањата за јавното мислење.