недела, 9. мај 2021. Вести денес: 99
home Вести

Анализа: Зошто на Кацарска и требаа цели 96 часа за да се „згрози“ од сведочењето на Стефанова?

Јавноста се прашува, зошто на Кацарска и требаа цели четири дена за да реагира за Стефанова и чуму и требаше толку многу време за да го напише ова одбранбено писмо до Судскиот совет?  Истата таа јавност македонското судство одамна го перципира како Кацарска судство, фраза која стана општоприфатена, исто како и Рускоска обвинителството. Индикативно е што во само два дена разлика, Рускоска е обвинета за криминал од 4 милиони евра од обвинетиот во рекет Бојан Јовановски, а Кацарска за влијанија и притисоци од сведокот во истиот случај, обвинителката Лиле Стефанова. Познавачите на состојбите, овие акти не ги сметаат како случајни, туку ги поврзуваат со доаѓањето на изборите, очигледноста на еден брод кој тоне и вистината која полека, со губењето на стегите поставени од актуелната влада, се почесто ќе излегува на виделина
Анализа: Зошто на Кацарска и требаа цели 96 часа за да се „згрози“ од сведочењето на Стефанова?

Судијката која го ослободи Зоран Заев од „Поткуп“,  која обвинетите патриоти за местенката на 27 април ги осуди на драконски 211 години, судеше и пресуди во патетичниот случај на СЈО – „Тенк“ за мерцедесот кој и ден-денеска се вози и судијка на која фамозниот АКМИС постојано и ги доделува најжешките случаи против екс раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сега  бара од Судскиот совет да ги утврди сите факти и обвинувања на обвинителката Лиле Стефанова за притисоци врз неа и обвинителите во СЈО и јавноста да ја дознаела целата вистина.

Јавноста се прашува, зошто на Кацарска и требаа цели четири дена (96 часа) за да реагира за Стефанова и чуму и’ требаше толку многу време за да го напише ова одбранбено писмо до Судскиот совет?

Истата таа јавност македонското судство одамна го перципира токму како Кацарска судство, фраза која стана општоприфатена, исто како и Рускоска обвинителството. Индикативно е што во само два дена разлика, обвинителката Рускоска е обвинета за криминал од 4 милиони евра од обвинетиот во рекет Бојан Јовановски, а судијката Кацарска за влијанија и силни притисоци врз СЈО од сведокот во истиот случај, обвинителката Лиле Стефанова.

Познавачите на состојбите, овие акти не ги сметаат како случајни, туку ги поврзуваат со доаѓањето на изборите, очигледноста на еден брод кој тоне и вистината која полека, со губењето на стегите поставени од актуелната влада, се почесто ќе излегува на виделина.

Велат дека основното прашање кое деновиве се поставува по судските кулоари е – „Кој е следниот кој ќе „пропее“ и ќе посведочи за нов криминал или притисок“ на инволвираните ликови сплотени во волшебниот триаголник во кој е создадена судско-обвинителско-владината спрега.

Судијката Добрила Кацарска четири дена по обвинувањатаво понеделникот, денеска испрати емотивно писмо до Судскиот совет, во кое наведува дека по сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова во случајот „Рекет“ секојдневно се соочувала со сè повеќе вербални напади од обвинети, нивните бранители, како и од некои политичари.

Три дена по сведочењето, навредената Кацарска сфатила дека во случајот „Рекет“ нејзиното име било злоупотребено со цел да се наруши нејзиниот „интегритет, дигнитет и независност во постапувањето“ и дека е згрозена од изјавата на Стефанова дека таа ѝ вршела притисок.

„Имено, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, Лиле Стефанова, во својство на сведок во предметот со кодно име ‘Рекет’ во својот исказ меѓу останатото навела дека и се вршеле притисоци преку разни емисари, односно обвинители, судии, бизнисмени и политичари, а притоа го споменала моето име, наводно јас сум ѝ вршела притисок, но не лично нејзе, туку наводно сум ѝ пуштила некој колега обвинител, како што известија и сите присутни медиуми,“ пишува Кацарска во емотивното писмо.

Силно навредената судијка наведува дека била згрозена од ваквата изјава и тврди дека не е вистина дека вршела притисок врз Стефанова, ниту лично ниту преку нејзин колега.

„Во делот на нејзините наводи дека јас сум „окапала“ во судот денот кога се одлучуваше за притворот на Јордан Камчев, додава Кацарска, истакнувам дека тоа беше работен ден, а јас секој работен ден од 8 часот сум на работа, а од месец јануари 2018 година до месец јули 2019 година бев секој ден на работа од раните утрински часови, па до доцна во ноќта, без оглед дали се работело за работни денови, празник или викенд, со оглед дека и јавноста знае на кои предмети во тој период работев и кои пресуди се донесоа и пресудите беа изготвениво законски рок“, се правда судијката, признавајќи притоа дека фамилијата Камчеви се нејзини фамилијарни пријатели, но таа нејзина искреност не смела да се злоупотребува од кого било, а посебно не од јавен обвинител, бидејќи шетните последици од изнесување невистини доведувале до нарушување на угледот на оној на кого се однесуваат, а имајќи предвид дека ја извршувала функцијата судија, се нарушува и угледот на судиската функција воопшто, нешто што во никој случај не сакала и не смеела да го дозволи,  наведува растревожената Кацарска во писмото.

Индикативно, ова  е веќе четврто писмо кое треба да излезе во јасноста последните два дена. Трите други, досега непознати за јавноста која мислеше дека се работи за едно писмо, ги најави токму обвинителот Јовески. Нему, опозицијата која е „режим“ и кога не е на власт, му забрани да ги објави на дебатат за предлог законот за ЈО во собранието. Нивен автор наводно е Катица Јанева.

На социјалните мрежи велат :„Јавноста е во очекување на ново писмо од новата епистоларна тактика на атавизмите од системот на заминување.“

 

Коронавирус