среда, 4. август 2021. Вести денес: 87
home Вести

Анализа – за разлика од СДСМ, понудата на ВМРО – ДПМНЕ во поглед на образованието е разработена и опширна

Анализа – за разлика од СДСМ, понудата на ВМРО – ДПМНЕ во поглед на образованието е разработена и опширна

Битката на ветувања и програми почна, но што нудат ВМРО-ДПМНЕ, а што на СДСМ во поглед на младите и образованието?

Реконструкција на училишта, стипендии, вработување на најдобрите студенти, задржување на младите во Македонија ова се дел од целите кои си ги поставиле партиите во програмите преку кои ќе бараат глас од граѓаните.

Според социологот Илија Ацевски, она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ во поглед на образованието е разработено и опширно, за разлика од СДСМ. Тој напоменува дека ова е негов став за програмите, не наклонувајќи се политички кон ниеден политички субјект. Вели доколку барем 50 % од она што го ветува коалицијата на Обнова на Македонија за младите и образованието се исполни системот ќе направи голем чекор напред.

Ацевски изминатиов период е жесток критичар на системот на образование во Македонија, вели дека владата не ги прифатила неговите забелешки и не направила ништо за да се подобри состојбата во овој сектор.

Како и речиси секои избори програмите кои ги прават партиите се фокусирани на економијата.

Дел од бизнизмените, коментирајќи за економскиот дел од програмите на партиите сметаат дека ветувањата за повисоки плати и пензии тешко ќе се остварат сепак уверуваат дека проекциите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се пореални во однос на оние на СДСМ. Бизнисменот Горан Рафајловски смета дека проекциите на ВМРО-ДПМНЕ за рецесија од минус 5% годинава се засновани на реална основа. Рафајловски вели дека растот не може да обезбеди доволно пари во буџетот за да се реализираат сите замислени мерки на партијата на власт. Едноставно, не можело да се поделат пари кога ги нема.

Коронавирус