среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Анализа: Во комуникацијата на Заев и Вице присутни елементи на повеќе кривични дела

Анализа: Во комуникацијата на Заев и Вице присутни елементи на повеќе кривични дела

Елементи на неколку кривични дела наоѓаат експертите во објавените разговори на Зоран Заев, неговиот брат и соработниците за поткуп на изборите, а објавени од весникот „Ла Верита“.

Поранешниот јавен обвинител Сотир Костов во изјава за Курир вели дека согласно објавените разговори препознава елементи на неколку кривични дела, предвидени во Кривичен законик на Република Македонија, глава 16, од чл. 158 до чл.165-в.

-Повеќе од сигурно е дека до дејствијата на споменатите луѓе се содржани елементите на кривичните дела Повреда на слободата на определување на избирачите(чл.160), Поткуп при избори и гласање(чл.162) и Повреда на тајноста на гласање(чл.163). Предвидените казни, во зависност од околностите во кои се направени делата и за кој став се работи се движат од најмалку 3 години до најмалку 5 години. Станува збор за сериозни кривични дела, кои ги загрозуваат демократските избори и слободата при гласањето, па затоа и предвидените казни не се мали, вели Костов.

Тој посочува дека треба да се запрашаме и како тоа кога е во прашање, како што вели, криминогено однесување на Зоран Заев секогаш нема кривични дела.

-Во случајот се работи за ПИМ(посебни истражни мерки) кои туку така не се определуваат. Во нивната технологија вклучени се полицијата, обвинителството и судот, и не може да нема докази. А впрочем и самата снимка е еден вид “ин флагранти“, фаќање на лице место кога се извршува делото, бидејќи тоа произлегува од самата содржина на разговорите, во кои има и умисла и намера и свесност дека се извршува кривично дело, смета Костов.

За потсетување, „Ла верита“ продолжи со својата истражувачка активност во потрага по нови случаи кои што би можеле да го потврдат криминалното раководење со власта за време на мандатот на екс премиерот Заев.

По месеци работа и прегледување на стотици документи, проверувајќи ја автентичноста на фактите и осигурувајќи ја максималната сигурност на изворите, може да продолжиме со објавување во три делови на документи во рацете на македонското обвинителство што инсинуираат дела за корупција и активности поврзани со изборни измами од Зоран Заев, пишува весникот.

Тој за време на парламентарните избори во 2014 г., како претседател на СДСМ и градоначалник на Струмица, според наведеното во документацијата, бил замешан во купопродажба на гласови во која исто така учествувал и брат му Вице Заев, пишува италијанскиот весник Ла Верита. Доказите за таквите измами „Ла Вeрита“ ги ги стекнал кога македонското обвинителство, по официјалната пријава, навремено спровело посебни истражни мерки, меѓутоа без да отпочне судски процес против осомничените.