сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Анализа: Провладините инсталации на СДСМ ја „спукаа“ меѓу себе за студентите

Анализа: Провладините инсталации на СДСМ ја „спукаа“ меѓу себе за студентите

Провладините организации и институции се раскараа меѓу себе. Причина за најновиот судир во сопствените редови е какафонијата и очигледната некоординираност во нивните разнолики инсталации, настаната со новите моменти во техничката влада и наближувањето на изборите, кои очебијно внесуваат силен немир во редовите на провладините поддржувачи од најразлични инстанци.

Така, со цел да удрат по претходната гарнитура, откако Владата донесе нови популистички мерки пред избори за студентите, нешто што е позитивно но мораше да се стори многу поодамна (не во предизборие за да не се сфати како ноа што е – гол популизам), тие се скараа меѓу себе.

Серијалот во кој тие се поткусуруваат преку студентите одеше во неколку епизоди. Првата беше на Илинденска бр. 2 со носењето на предизборната одлуката за студентите.

Индикативно, но веднаш по мерката на Владата, десетина „независни“ медиуми пет минути по обзнанувањето на веста излегоа со редица обемни истражувања и текстови како студентите живееле на маргините, колку била катастрофална исхраната и нивните услови за живот во минатото. Не беа далеку од вистината за состојбите кои се децениски и бараат константно подобрување, но целта за воспевање на Спасовски беше видлива од авион. Да, целта беше една и јасна, но какафонијата си го стори своето.

Денеска, во своја одбрана, најден засегнат од пишувањата на „своите“ како колатерална штета во битката за гласови, настапи и Државниот студентски дом Скопје кој ја извести јавноста дека „Истражувањето од МОФ околу исхраната и трошењата на институцијата се однесувало на период од 2015 година кога со институцијата раководеше предходната власт.“ Така, очигледно поради повредени чувства и потребата да се обели во очите на партијците од повисоките ешалони, посведочивме на отворен судир на партиски обоена институција со провладино колорисана организација (гарант сите биле и дел од шарената „дееволуција), од која доаѓа нивниот до неодамна прв човек, Маријан Забрчанец, а потоа веќе подолг период советник и неофицијална десна рака на Зоран Заев.

Внимавајте, во атакот врз МОФ, раководството на студентскиот дом пишува – „Со институцијата раководеше претходната власт“?

Освен што соопштението на „домарите“ помалку патетично завршува со реченицата „Дополнително во појадокот се воведе здрав оброк-смути“, македонската јавноста треба да биде благодарна и среќна за сознанието од новата информација која ни презентираа дека дури и раководствата на студентските домови во Македонија во време на СДСМ се менуваат со промена на централната власт во државата. На страна што вокабуларот „Со инстутицијата раководеше претходната власт“ е копи-пејст на вокабуларот на јуришниците од екс Бихаќка или СДСМ. Не треба многу за да сфатите кој сега ја раководи оваа „институција.“

Поимот „претходната власт“ се сретнува повеќе од десетина пати во нивното максимално партиски обоено соопштение, во кое експонентите на „сегашната власт“ постојано кудат по „претходната“, фалејќи ја притоа во повеќе наврати и Заевата влада.

Констатацијата која се наметнува е едноставна, оваа „институција“ треба да сфати дека студентите и нивната егсистенција не се своина ниту на сегашната ниту на претходната власт, уште помалку средство за партиски предизборни поени.

Дали во битката за гласови, СДСМ и студентите, носителите на авангардата во секоја нормална држава, ги перципира како алатка и средство за политичко поткусурување? Одговорот е јасен…

Коронавирус