сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 18
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

АНАЛИЗА: Последниот ТАНЦ на Зоран Заев

АНАЛИЗА: Последниот ТАНЦ на Зоран Заев

Чекич, Танц, Камшикар… серија на зборови кои најверојатно само Зоран Заев ги користи во политички и економски жаргон. Зборови после кои долго време кај половина од народот предизвикуваат потсмев и се користат како материјал за мајтапење, а кај половина од народот чудење и материјал за детална психолошка анализа.

Поминаа четири дена од онаа фамозна изјава за Чекичот и Танцот на Зоран Заев. Интервју од час и половина преполно со големо непознавање на материјата, интервју во кое се верува дека само Зоран Заев знае што сакаше да каже.

Рипаше од тема на тема, „сакам кажам, не знам речам“, неповрзани реченици, бројки вадени од ракав, па барале помош од Арапите (ваков податок не постои), потоа вели дека неговите фирми пред време платиле данок (УЈП не го дава овој податок, го крие како државна тајна), па се до тоа дека неговите фамилијарни фирми донирале огромни средства за надминување на кризата.

Во 99 проценти од државите, нивните лидери пред да гостуваат на некое интервју или јавен настап, неговата ПР-служба го подготвува, ама Зоран Заев најверојатно спаѓа во оној еден процент.

Но да преминеме на главното. Од тоа дека државата блеска на сите полиња, стигнавме до дупка во буџетот од 2 милијарри евра според Заев и 1,3 милијарди сподред Нина и Оливер. Кому да веруваме?

Во време на криза и вонредна состојба, лидерите се должни да преземат и многу ризични мерки и да повлекуваат ризични потези, но во време на криза, опозицијата е должна да учествува во справувањето со истата.

Според економските експерти среќа што Зоран Заев не е претседател на владата, бидејќи според неговите мерки кои не беа прифатени, администрацијата ќе беше ставена на минималец, нешто што развиените земји не го практикуваат, односно, никаде во светот нема толкаво кратење на платите на администрација.

Дали Зоран Заев со ваквиот потег сакаше да покрие еден дел од дупката во буџетот за кој викаше дека е ликвиден и во одлична кондиција?

Но како што споменавме погоре, во секоја криза многу е важно и опозицијата да учествува во справување со истата. Во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најголема опозициска партија во Македонија.

Што работи ВМРО-ДПМНЕ во време на криза?

Како ВМРО-ДПМНЕ учествува во справување со кризата?

Дали ВМРО-ДПМНЕ е конструктивна опозиција во време на криза?

 

Да почнеме од почеток. Серија прес-конференции  на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, серија мерки нејмногу економски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по оваа криза со коронавирусот најпогодени ќе бидат стопанствениците, бизнис секторот. И тоа е така, не затоа што само Мицкоски вели така, туку затоа што сите светски економски експерти и лидери го говорат истото.

 

Што предлагаат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?

 

  1. Благајничките записиа кои што стерелизираат од прилика 25 милијарди и 200 милиони денари средства ликвидност на банките во Народната банка веднаш да бидат откажани за месеците кои што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност кои што ќе ги издаде министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.

 

  1. Средствата кои што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни 10 милијарди денари кои што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите.

 

Според ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, само со овие два предлози, Македонија ќе добие 35,36 милијарди денари или 1,2 милијарди евра пари со кои државата сигурно, надежно и безбедно ќе ја преброди економска и здравствена криза.

Само за мало потсетување, вакви мерки спроведоа Балтичките држави во економската криза во 2008 и 2009 година, како и земјите од Централна Европа, како Полска и Унгарија.

Но според СДСМ и Зоран Заев, тие мерки се неприфатливи.

 

Како ВМРО-ДПМНЕ учествува во справувањето со кризата?

Два телефонски повици, два полни авиони со медицинска помош за Македонија. Едниот минатата недела, другиот денес, едниот од Јанес Јанша и Словенија, другиот од Виктор Орбан и Унгарија.

Јанша и Орбан, оние лидери за кои СДСМ и Заев не штедеа навреди во минатото, обвинувајќи ги се и сешто. Без размислување, експресно, огромна хуманитарна помош за Македонија во време на пандемија.

А каде се пријателите на Заев и СДСМ? Најверојатно учат да танцуваат!

Накратко кажано, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски максимално се вложуваат во оваа криза, прво со своите економски предлози, потоа преку своите меѓународни пријатели и врски, а крајниот резултат е очигледен.

Дали ВМРО-ДПМНЕ е конструктивна опозиција?

Опозиција која во време на криза ги активира сите расположливи капацитете, економски тимови, меѓународни пријатели, хуманитарна помош и ред други работи е и повеќе од конструктивна опозиција, впрочем во моментов се работи за здравјето на народот, а народот е најбитен.

 

ЗАКЛУЧОК: Ако Христијан Мицкоски со два телефонски повици успеа да добие два авиони полни со хуманитарна помош, тогаш слободно може да заклучиме дека Зоран Заев го игра својот последен танц.

 

Ристе Здравков

Коронавирус