понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 121
home Вести

Анализа: Пораките од говорот на Мицкоски за 23 Октомври треба да бидат водечка мисла за сите политичари

Анализа: Пораките од говорот на Мицкоски за 23 Октомври треба да бидат водечка мисла за сите политичари

Пораките кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги испрати во вчерашниот говор, одржан по повод празникот 23 Октомври, треба да бидат водечка мисла за сите политичари, сметаат аналитичарите.

Политичките аналитичари особено се осврнуваат на делот од говорот на Мицкоски каде тој повикува на постигнување на македонско национално единство.

-Многу важно, повторувам многу важно е да се постигне македонско национално единство. Да не се расеменуваме ниту делиме затоа што сме и вака и расеменети, и поделени. Мора за клучните прашања да покажеме единство, да покажеме морал и црвена линија која заеднички ќе ја браниме. Рамо до рамо еден до друг. Никој нема добро од тоа да бидеме понижени дури и оние кои во замена за пари и фотелји мислат дека така ќе им биде подобро. Нема да им биде подобро зошто нивните деца а и тие самите ќе бидат дел од асимилирана и понижена земја. Тоа не смееме и нема да го дозволиме. Тоа им го должиме на генерациите после нас а тоа им го должиме и на генерациите пред нас кои што се изборија за оваа држава, истакна вчера Мицкоски во своето обраќање.

Александар Даштевски вели дека во вчерашниот говор на претседателот на ВМРО- ДПМНЕ можело да се забележи една силна порака, која би требало да биде водечка мисла за сите политичари.

-Водечка порака за сите луѓе во Македонија, затоа што со понатомошните делби можеме да изгубиме се. Ние и така немаме црвени линии кои би ги бранеле понатаму по ниту едно прашање. Напротив, Зоран Заев се договара како сака тој лични и потоа не може да отстапи од рамните ветувања кои што ги дал. Тој дури изјави дека не сака да разговара со лидерот на опозицијата, затоа што ако се определат црвените линии за виталните државни интереси, тој ќе мора да отстапи од неговите ветувања кон некои соседни држави. Ќе мора да отстапи од двојните стандарди кои сега ги спроведува, едно зборува дома, а друго надвор од државата. Затоа сме ние понижени како народ и како нација, во негов интерес и на мала група на луѓе кои го поджуваат исклучиво за фотељи или од лукративни причини, вели Даштевски за Курир.

Тој смета дека ако не се постигне национално единство, државата нема да може да функционира.

-Нема да можат да се донесат клучните закони за влез во ЕУ. Тесното мнозинство само папагалски ја повторува приказната за евроинтеграции, а гледаме дека со оваа власт никогаш нема тоа да се случи. Веќе може да се насети дека целта на актуелната власт, со исклучително мало мнозинство во парламентот не се евроинтеграциите, туку залажување на народот, дека доа ќе се случи некогаш. Датумот нема да се добие ако не се направи национален консензус за сите прашања. Тоа ќе води во се поголема сиромаштија и разградување на државата. Македонскиот народ и сите политички партии на кои тоа не им е во интерес мора да го спречат тоа, доколку сакаме да задржиме барем нешто од тоа што ни остана и да почнеме да градиме сериозна и модерна држава, нешто за кое се организирале основачите на организацијата, анализира професорот.

Во својата колумна, Сотир Костов анализирајќи го говорот на Мицкоски пишува дека истиот бил одважен, храбар, содржаен, визионерски.

-Говор кој ги исцрта црвено-жолтите нишки на македонизмот, сфатен во историска, државно-правна, идентитетска и културолошка смисла и рамка. Истовремено визионерски за македонскиот опстој (како држава, нација, идентитет, јазик) и за македонските евроатлантски интеграции. Македонски говор, со европски шмек. Македонски говор, бидејќи посочи, дека нашата формула за успех и севкупен иден развој е македонското национално единство. Мицковски побара сите да сме сплотени рамо до рамо, еден до друг, и да не дозволиме да бидеме понижени. Не опомена дека тоа е наш долг кон минатите генерации, кои ни овозможија да македонствуваме, но и долг и завет за идните генерации наши синови и внуци. Најмоќната порака беше – Македонија е бесмртна. Пораката е јасна за сите нас Македонците, ама и доволно јасна и моќна за да ја воочат и распознаат и сите тие кои имаат нечесни инспирации кон Македонија и нагон и намера за уништување на македонското ткиво. Со оваа порака тој на дело го покажа македонскиот нагон за постоење и опстој. Европски говор, од причини што потенцира дека среќата на секој еден Македонец и иднината на Македонија е во Европската Унија – во најголемото европско семејство, семејство на обединетите народи на Европа. Потврда и гарант за тоа се нашите стратешки пријателства со стратешките партнери на Македонија. По европски од еден лидер на опозиција здравје, пишува Костов.

Костов додава и дека говорот на Мицкоски бил храбар бидејќи на јавна сцена и објавил војна на мафијата и предвидел пораз. Тој, во својата колумна, забележува и на отсуството на државниот врв во оддавањето почит.

-Jа испуштија најдобрата прилика да им покажат на соседите (Бугарија и Грција) дека Илинден, илинденската епопеја, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, се темелот врз кој следната генерација револуционери, Ченто, Питу, Свештарот, Габерот и сите борци и народни херои од НОБ, преку одлуките на АСНОМ ја создадоа и изградија нашата сакана Република Македонија. Срамно, бедно, понижувачки и не државнички. Толку за нив, не заслужуваат повеќе, пишува Костов.

Во однос на барањето на Мицкоски за лидерска средба со Заев, Костов вели дека истото е за обединување околу македонското прашање, а Заев како кукавица ја одбил, што според аналитичарот е срамно и спротивно на македонските интереси.

Коронавирус