вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 1
home Вести

АНАЛИЗА: Нервозниот Заев и смиреноста на професорот

АНАЛИЗА: Нервозниот Заев и смиреноста на професорот

Видно нервозен и дезориентиран беше на денешниот ТВ дуел лидерот на СДСМ, Зоран Заев, наспроти смиреноста и ладнокрвноста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Влетувањето во збор, навредите и гестикулацијата која ја демонстрираше Зоран Заев на ТВ дуелот со Христијан Мицкоски, се јасен показател за тоа кој е исплашен од резултатот на изборите кои треба да се оддржат на 15-ти јули оваа година.

Имено, дуелот започна со едно ниво во кое двајцата противници си персираа еден кон друг, но одеднаш тоа се промени, откако Зоран Заев ја доби „вистината в лице“, па така дојде до ниво да ги вмеша родителите и сопругата на Мицкоски, што во западниот свет тоа е незамисливо.

Западната политика кон која Македонија се стреми не прифаќа вмешување на семејството на политичарот кое не е активно вклучено во политичките одлуки и креирањето на истите, но тоа по се изгледа не важи за Зоран Заев.

Тој на еден најнизок начин се дрзна и во неколку наврати ги спомна родителите и сопругата на Христијан Мицкоски. Дали со тоа Зоран Заев сакаше да испрати закана или можеби некоја друга порака кон противникот, останува тој самиот да каже?

Напад кон семејството во западниот свет се смета за НЕМОЌ, немање визија, немање програма и најважно, немање ЦЕЛ.

Наместо проекти, визија за државата, презентација на проекти, мерки, наместо да им каже на граѓаните каква иднина сака да им понуди, Зоран Заев, покажа нервоза и дезориентираност во целост.

Нервозата кај политичарите за време на телевизиските дебати се смета како одраз на неспособност и безидејност. Замислете што би се случило на еден кандидат за претседател на САД да почне да го навредува семејството на противникот, истиот момент тој губи на тие избори. Човек кој претендира да биде претседател на влада во Македонија, не смее да си дозволи вакви испади, но ваквите испади на Заев дојдоа веднаш по неколкуте прашања од страна на Мицкоски, за случајот „Рекет“, како и за аферите кои изминативе денови имавме можност сите да ги слушнеме.

Дали со ваквото покажување на нервоза од страна на Зоран Заев тој даде до знаење дека „нешто смрди“ во овие случаи?

За разлика, противникот на Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажа високо ниво на интелектуалност и смиреност покрај сите обвинување и вмешување на семејството.

Што покажува тоа?

Со смиреноста и стабилноста во текот на целата дебата, Мицкоски покажа дека е дојден за презентација на програми, концепти, дојден е за граѓаните да чујат лично од него, каква иднина тој им  нуди.

И покрај сите навреди, обвинувања, влетувања во зборот, успеа да и каже на македонската јавност дека ќе донесе три големи странски инвестиции во државата и тоа во првите шест месеци по доаѓањето на власт.

За разлика од неговиот противник во дуелот, тој не влетуваше во зборот, не навредуваше и не го спомна неговото семејство, напротив, бираше зборови со кои ќе му се обрати и цело време му персираше.

Нервозниот Заев и смиреноста на професорот, два различни профили на луѓе, граѓаните се на потег на кого повеќе ќе му веруваат.

 

Ристе Здравков