сабота, 8. август 2020. Вести денес: 60
home Вести

Анализа на Топ Тема: Бројот на новозаболени во Македонија не паѓа под 5%, за 6 дена по 20 новозаболени просечно

Анализа на Топ Тема: Бројот на новозаболени во Македонија не паѓа под 5%, за 6 дена по 20 новозаболени просечно

Вечерва во емисија „Топ Тема“ се прикажа анализа каде што податоците велат во Македонија бројот на заболени не паѓа, се движи просечно 20 заболени на ден.

Во Македонија за 6 дена биле изработени 1143 тестови, и ако се одземе бројот на тестирани во градинки што изнесува 190,5 тогаш се доаѓа до резултат дека во Македонија има по 20 новозаболени на ден.

„Вчера се направи анализа каде што од вкупниот број на тестирани, и ако се одземе број на тестови во градинките каде што досега еден се појавил болен тогаш бројот на тестирани споредено со бројот на заболени не паѓа под 5%. Дури и имаше денови кога беше 10%. Последователно 10% заболени“, појасни Лупевска.

Коронавирус