понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 163
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Анализа на синоќешниот дуел: Мицкоски ги разобличи лагите на Заев

Анализа на синоќешниот дуел: Мицкоски ги разобличи лагите на Заев

Советите на ПР тимот на СДСМ дека Заев не треба да излегувана ТВ дуели со Мицкоски се покажаа за основани. Уште од оној прв нивни ТВ дуел на МТВ до ден денес Заев има проблеми во ТВ дуелите, пред се затоа што има склоност кон зборување очигледни, ноторни невистини и деманти на сопствените зборови со намера да се заборави она што во скоро време го правел, или зборувал.

И на ТВ дуелот на Канал 5 се повторија истите проблеми.

ВЕЧЕР објавува анализа на вчерашниот ТВ дуел, а ние истата ви ја пренесуваме во продолжение.

1. Заев тврди дека го пријавил Боки 13 и рекетот во Обвинителство, но НЕ ЗНАЕ дали е составен законски неопходен записник за тоа. Вели дека не знае, и дека тоа треба да се провери во обвинителството. Заклучок – не го пријавил делото туку, напротив, според објавените телефонски снимки дури и на самото судење е јасно дека ги предупредил Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец  дека против нив ќе се води истрага.

2. Темите за тоа каде се парите од Рекет, за средбата на Вице Заев со Зоран Милевски… Заев ги одбегнуваше без да каже ни збор за на крај да одбие да го прими подарокот од Мицковски, паричник Луј Витон за да ја комплетира ташната Луј Витон од Рекет.

3. Заев пред камери тврди дека градоначалникот на ДУИ, Беџети, не изјавил дека Заев му вршел притисок како да гласа кадар на ДУИ во судскиот совет… иако тоа го пренесоа сите телвизии и портали! Демантирај, па кој верува – верува, е моделот на Заев за се и сешто.

4. Заев тврди дека лично тој и неговиот тим воделе постапка за таканаречени реформи во судството и обвинителството затоа што било НЕДОЗВИЛИВО РАЗНОГЛАСИТЕ – Обвинителството да мисли едно, судството нешто друго, а Апелација и Врховниот суд нешто трето, сите треба да постапуваат како што постапува првиот во низата, да го следат Обвинителството. Со ова до темел се урива судскиот систем на модерното време каде основа на системот е обвинителството и адвокатите да се само равноправни странки во спорот, а судијата независно од нив да пресудува.

5. Заев тврди дека се изградени 700 километри патишта во неговиот мандат, а вистина е според презентираните официјални документи од Мицковски дека се почнати (а не се ни тие изградени) само два километри автопат до Блаце кон Косово и асфалтирани околу 200 километри локални и регионални патишта кои се изградени далеку порано. Болниците за кои Заев тврди дека се градени во негов мандат без да посочи макар еден пример – едноставно ги нема.

За капитална инвестиција Заев посочи дури 250.000 евра инвестирани во Арачиново за канализација што беше проследено со потсмев.

6. Заев тврди дека во индистриската зона во Струмица од ветените 14 се изградени 4 фабрики, на прашањето кои се тие фабрики Заев се вадеше дека четирите во градба за, на крај да нема ниту една фабрика во струмичката економска зона.

7. За економските теми, Заев одбегнуваше дискусија освен дека во негов мандат имало 60.000 нови вработуавња при што бегаше од податокот 40.000 од тие се во државната администрација. Се расфрлаше со бројки извадени од ракав како оние дека ова е најмал буџет во Македонија, иако е најголем во македонската историја, дека Македонија сега е најмалку задолжена иако е вистина, и со службени податоци потврдено, Македонија е сега најзадолжена во последините 15 години.

8. Лајтмотив, десетина пати повторена тема од Заев, беше дека Мицкоски е одговорен за политиката на Никола Груевски. Во еден момент Заев сакаше да биде скопски мангуп, неговата најслаба точка и провинсциска фрустрација, и му понуди телефон на Мицкоски да му се јавел на Груевски да го праша за одговор. Но, доби грубо приземјување од Мицковски, од кого дознавме дека Заев го има унгарскиот број на Груевски и дека разменуваат пораки што Заев не го демантираше. Останува прашањето: За што се допишуваат Заев и Груевски?

9. Очигледно Заев има проблем со авторитетот на Мицкоски и се обидува по секоја цена да одбере виртуелен противник на изборите да му биде Никола Груевски. Но, Мицкоски е одговорен за политиката на Груевски онолку колку што е Заев одговорен за политиката на Бранко Црвенковски и црната транзиција. По таа логика, кога Заев ќе ги врати 70-те милиони долари украдени преку штедилницата ТАТ во мандатот ан Црвенковски?!

10. Мицковски остави впечаток на смирен доминатор кому е јасно што следи и за идните избори и за политиката потоа како премиер. Не се впушти во навредите на Заев од типот лупеташ и слично. За разлика од вербалните гимнастики ан Заев кој демантираше дури и вчера што изјавил Мицкоски за секоја тема имаше документи со службени, официјални податоци за кои Заев упорно говореше не е така, не е така… иако се работи за службени официјални податоци од институциите токму на оваа власт.

СДСМ нема јасен план за наредните избори, очекува изборен инженеринг поддржан од меѓународната заедница како награда, што и самиот го истакна неколку пати, за проектите кои ги спроевдувал. Но, немаше одговор дали Европа поддржува власт заглавена во рекет и корупција најеголема во таа Европа. Како што немаше ни одговор за сопствената изјава дека СДСМ не е веќе македонска партија.

Симптоматично е што Заев не криеше дека не се гледа себе како иден премиер, што Мицкоски го истакна за својата идна улога во политиката. Напротив, Заев искажа свест дека не може да победи на изборите но, дека се надева, неговата партија, а не тој ќе успее да ги собере сите три албански партии во идна коалиција со СДСМ за можна влада. Но, и ДУИ и Алијансата на Албанците изрично ја отфрлија таа можност.

Извор: ВЕЧЕР

Коронавирус