петок, 4. декември 2020. Вести денес: 93
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

АНАЛИЗА: Мицкоски најавува економски бум во Македонија

Во вчерашните сет мерки кои ги презентираше Мицкоски акцент се става на инфраструктурата. Но доколку ги видиме бројките, односно сумите кои беа кажани на неговата прес-конференција, слободно може да се заклучи дека професорот најавува економски бум во Македонија. Вистински контраст со тригодишното владеење на актуелната гарнитура која целосно потфрли на полето на капиталните инвестиции, а се што сработи беше всушност доработка и доизведба на проектите на минатата влада.  Во две последователни прес-конференци и дваесетина поприлично амбициозни мерки, дали професорот најавува комплетна обнова на Македонија и економски бум?
АНАЛИЗА: Мицкоски најавува економски бум во Македонија

Втора серија на економски мерки вчера презентираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Имено, тој пред нешто повеќе од една недела излезе со првата серија на екoномски мерки, со која ја разбранува македонската јавност, зголемување на платите, пензиите, намалување на даноците, нула проценти персонален дaнок за младите до 29 години, како и најавените 4 милијарди евра инвестиции од компаниите.

Во вчерашните сет мерки кои ги презентираше Мицкоски акцент се става на инфраструктурата. Но доколку ги видиме бројките, односно сумите кои беа кажани на неговата прес-конференција, слободно може да се заклучи дека професорот најавува економски бум во Македонија. Вистински контраст со тригодишното владеење на актуелната гарнитура која целосно потфрли на полето на капиталните инвестиции, а се што сработи беше всушност доработка и доизведба на проектите на минатата влада.

Мицкоски вчера на прес-конференцијата, најави ново автопатско решение од Велес преку Прилеп па се до Битола, неколку експресни патишта на потегот Куманово-Крива Паланка, Кочани-Радовиш, од Битола до границата со Грција, од Струмица до бугарската граница, како и од Кавадарци до Прилеп.

Но најбитно е да се потенцира дека тој се обврза дека до крајот на нивниот мандат во Македонија нема да остане неасфалтиран пат, а сето ова ќе биде инвестиција од рекордни 2 милијарди евра.

-Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт. Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Па така доколку го земеме во предвид дека моменталното времетраење на патувањето од Скопје кон Битола е повеќе од два часа, а патот од Градско па се до Битола е многу лош, па така тоа со најавата на Мицкоски би се скратило на помалку од час и половина.

Но доколку ги погледнеме и најавените експресни патишта, оној кој патувал по нив знае дека овие патишта се едни од најнебезбедните за возење, а со најавата на Мицкоски ќе се реши еден голем проблем за возачите, но и времетраењето на патот од една до друга дестинација.

Следна мерка која беше најавена вчера е инвестиција од 300 милиони евра во нови водоводни и канализациони мрежи долж нашата држава. Нешто што на Македонија навистина и треба. Пет нови возови, со што ќе се олесни патувањето на граѓаните кои најчесто го користат овој вид на превоз.

-Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот. Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк, рече Мицкоски.

Со овие сет мерки ќе се обезбеди раст на градежништвото 30-тина проценти, а со тоа и раст на платите во овој сектор.

Но вчера од лидерот ВМРО-ДПМНЕ беа најавени нови мерки кои ќе бидат презентирани на следната прес-конференција, мерки кои како што кажа се од новата предизборна програма, а воедно и најава за градежен и инвестициски бум.

Инвестиции во инфраструктурата во државата се инвестиции во иднината како и во економскиот развој, со инвестиции во овој сектор, се инвестира во уште неколку десетици стопански дејности кои директно или индиректно се поврзани со градежништво, транспорт и инфраструктура.

Две прес-конференци, дваесетина поприлично амбициозни мерки, дали професорот најавува комплетна обнова на Македонија и економски бум?!

Коронавирус