четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Аналитичари: Предлогот на Заев може да предизвика протести на вработените

Аналитичари: Предлогот на Заев може да предизвика протести на вработените

До само пред неколку дена, кога политичките партии се подготвуваа за избори, од нивните изјави се добиваше впечаток дека платите во Македонија само ќе се зголемуваат. Ова, затоа што сите лидери зборуваа за зголемување на платите. Но, со прогласување на пандемијата со коронавирус и одложувањето на изборите, СДСМ излезе со предлог за намалување на платите во јавниот сектор на 14.500 денари.

Аналитичарите сметаат дека, предлогот на претседателот на СДСМ за намалување на платите може да предизвика и протести на вработените.

Новинарот Урим Салиу, за Журнал истакна дека предлогот на Заев за намалување на платите во јавниот сектор е скандалозен по многу основи.

Прво, според него, заради тоа што Заев нема некоја висока државна функција, тој е само претседател на партија.

– Значи, ако неговиот предлог се претвори во одлука, тоа ќе значи дека другите се диктираат од него и дека Заев всушност е премиер. Втората причина е поврзана со самиот факт дека со формирањето на техничката Влада, Заев остана некако под сенка и сега ќе се појави повторно. Но, тој изгуби многу со овој скандалозен предлог, затоа што луѓето добро ќе запаметат дека во ова кризно време тој дава предлози, наводно, за да спаси некој, но како всушност банкротираше и уништи многу други кои и така со платите што ги земаат не можат да го поминат месецот, а камо ли ако тие се намалат. Значи, предлогот на Заев може да има спротивен ефект. Во време кога полицискиот час, луѓето ги држи изолирани по домовите, поранешниот премиер не е свесен дека нив може да ги извади на протести на улица. Кога се ризикува егзистенцијата тогаш луѓето ќе избираат помеѓу тоа и короната. Последно, ќе бидат повторно олигарсите кои први придобиваат во вакви ситуации, изјави за Журнал, новинарот Урим Салиу.

Од друга страна, новинарот Наим Синани прашува како е можно да се прифати едно такво намалување во услови кога популистичките политики на Владата, социјалната помош ја покачија на 12 илјади денари.

Тој вели дека не треба да си голем економист за да сватиш дека е неприфатливо од една страна да се носи одлука за одложување на плаќањето кредити, а од друга страна да се преполоват платите.

– Ова испаѓа да после шест месеци на граѓанинот му се собрани шест рати за кредити, додека платите за кредитите, неповратно отишле во државната каса. Такво нешто, секако дека ги револтира вработените во јавниот сектор, уште повеќе кога тоа се случува уште на почеток на кризата. Намалувањето на платите, до некаде ќе беше прифатливо, ако за тоа се зборуваше доколку кризата би траела некаде околу шест месеци. А при тоа, се раѓа прашањето, зошто соседните држави не зборуваат за намалување на платите туку за поддржување на граѓаните со привремени плати и пензии. Косовската Влада додели двамесечна социјална помош. И албанската Влада превзема многу мерки, без притоа да стане збор за намалување на платите, истакна Синани.

Синани додаде дека, кога се носат одлуки треба да се има предвид дека кога на граѓанинот им се ризикува семејната егзистенција, во било какви услови, не се исклучуваат ниту протести. Во име на солидарноста и сакањето на државата не можеме да јадеме корења, децидно дополни новинарот Синани.

Синдикатите се едногласни дека владата не треба да ги прифати предлогот на Зоран Заев, сите вработени во јавната администрација два месеци да добиваат минимална плата. И ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ стојат на ставот дека не треба да има кратење на платата на административците.

Коронавирус