среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 116
home Вести

Аналитичарот Гаиќ: Овој референдум е политички банкрот на сегашната власт во Македонија

Аналитичарот Гаиќ: Овој референдум е политички банкрот на сегашната власт во Македонија

Стеван Гаиќ, научен соработник во институтот за европски студии, говореше за македонскиот референдум во РТС, на дебатата на тема: „Македонија, референдумско отрезнување.“

-Овој референдум покажа политички банкрот на сегашната власт. И која би имала тронка самопочит ќе се повлечеше и ќе распишеше вондредни парламентарни избори, или пак избори на сите нивоа, потенцираше еден од српските аналитичари на една српска дебатна емисија. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов покажа исклучителна храброст и ги повика граѓаните да не излегуваат на референдум. И дури самиот тој рече дека нема да излезе да гласа. А, кога станува збор за Уставот, на него потсети и грчкиот министерот за одбрана Панос Каменос, кој рече дека граѓаните практично го поништија Преспанскиот договор, потенцираше аналитичарот.

Гаиќ во емисијата вели дека после сето ова да се каже „пу пу не важи“ потсетува на времето по Брегзит кога се појавија гласови кои рекоа „па еве нема врска, ќе гласаме додека Брегзит не се случи“.

-Тоа е вообичаено во евроатлантски структури, тоа се дел од нивните манири. Слична ситуација имавме и во Ирска, околу Лисабон. Мислам дека изјавите на Столтенберг, Хан, Шекеринска министерката за одбрана се навистина во најмала рака скандалозни, заклучи тој.

Најнови вести

Коронавирус