понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 4
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Аналитичари за маршот против неправдите: Народот сплотен стоеше заедно со раководството што ја обнови ВМРО-ДПМНЕ

Аналитичари за маршот против неправдите: Народот сплотен стоеше заедно со раководството што ја обнови ВМРО-ДПМНЕ

Откако вчера огромен број на незадоволни граѓани излегоа на протест против неправдите организиран од ВМРО-ДПМНЕ во јавноста сѐ повеќе расте револтот и разочараноста од оваа ненародна власт на која ќе и дојде крајот како што најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ и тоа на 12 април годинава.

Освен народот кој беше поброен од 20-те илјади граѓани денес сѐ повеќе професори, аналитичари, експерти и активисти отворено зборуваат за народниот собир од вчера кој е јасен показател дека обновата доаѓа за многу брзо.

Аналитичарот Сотир Костов денеска за КУРИР вели дека вчера бил горд што имал прилика да биде дел од граѓанскиот протест против неправдите.

-Горд сум што вчера имав прилика да бидам дел од ГРАЃАНСКИОТ ПРОТЕСТ ПРОТИВ НЕПРАВДИТЕ. Бев актер на еден величествен собир, марш и протест на ГОРДИ Македонци од Непокорна Македонија. Собир зошто се собравме во голем број пред зградата на Јавното обвинителство, каде го изразивме нашето незадоволство за тоа дека владеењето на Заев и СДСМ, не донесе ниту правда, ниту мир, туку напротив голем број на неправди на Македонците и Република Македонија. Марширавме против фактот дека правдата е нападната од неправдата и затоа што судската и обвинителската власт се брутално згазени. И протестиравме против Заев и Октопотод, против мафијата на Заев, против молкот на обвинителството. Онеправданите и гневни граѓани истакнаа импресивни слики на Отстрелана Јустиција, Заев октопод и Готов е Заев. Сите – хор од неколку десетици илјади граѓани извикувавме: Заев правдоубиец, Бекни бе Јовевски, Вилма адвокат на мафијата и Одговорноста доаѓа. Морам да кажам дека во маршот и протестот граѓаните одлучно ги поведе и водеше професорот Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Ден порано тој ги повика граѓаните на Република Македонија да се приклучат на  маршот и протестот, и сите видовме дека тие во голем број го прифатија повикот и заедно со лидерот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ маршираа и протестираа: за правда, против неправдата; за одговорност на сторителите на злоделата против Македонците и Македонија; за владеење на правото, против владеењето на забеганите елити; за правна држава, а против мафијата која ја заробува државата. Професорот Мицковски, поддржан од големиот број присутни граѓани, ги истакна барањата на протестот: Истрага против Заев за злоупотребите на позицијата премиер; итна реформа на советот за реформа на правосудството; и ревизија на работата на врховните судии и нивните одлуки, вели Костов.

Тој додава дека вчеравечер ги видел пријателите и истомислениците од За заедничка Македонија, СУМ – сите за унитарна Македонија, Македонски непокор, од Охрид, Куманово, Велес, Струмица, Струга, Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Неготино, Кочани, Штип, Битола, Скопје, Прилеп, Ресен, Кичево, Делчево, Берово, Радовиш, Тетово, Гостивар, и останатите градови на Република Македонија.

-Ама ги видов и старите борци за независна Македонија – ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, во голем број, заедно сплотени со новата огромна енергија на младите членови на оваа партија, кои стојат заедно со раководството што ја обнови ВМРО-ДПМНЕ, сите заедно како Обединетите бои на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија, способни и подготвени да го започнат победоносниот поход за Обнова на Македонија. Професорот Мицковски, на крајот како вистински лидер, заклучи дека народот излезе во голем број и даде црвен картон на “трес-трес“ политиките на Заев и поентираше – “Заев ќе изгубиш, ќе изгубиш силно и јако од народот“, потенцира Костов за КУРИР.

Инаку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера Заев го нарече правдоубиец во државата и потенцираше дека иако поминале 48 часа од објавената бомба немало суштинска реакција ниту од Рускоска ниту од било кој друг.  

Транспарентите кои ги држеа граѓаните на вчерашниот протест ја опишува реалноста во нашата држава и вистината за (не)правдата во Македонија, еве дел од нив:

„Заев е виновен“, „ниту правда ниту мир“, „стоп за Заев и мафијата“, „одговорноста доаѓа“, „Заев: Сум се договорил со Јово“, „Вилма- адвокат на мафијата“, „Заев е виновен“, се само дел од написите.

 

Парламентарни избори 2020